Рецепт и фото: Слаѓана Бокиќ
Потребни состојки:
3 чаши (од 180г или 200 мл) јогурт
3 чаши брашно
3 или 2 чаши шеќер
1 лажичка сода бикарбона
2/3 чаша масло (може и половина чаша)
1 лажиче кафе (не мора, ова кој сака, под вкус)
За чоколадна глазура:
10 лажици шеќер
17 лажици млеко
125 г маргарин/путер
3 лажици какао
Глазурата можете да ја приготвите и по сопствен рецепт или едноставно да растопите чоколадо со малку масло.
Постапка:
Соединете го брашното, какаото и сода бикарбоната. Додадете шеќер, јогурт и масло, па сето убаво промешајте го, додека да добиете убава, еднолична и мазна смеса.
Излејте ја во плех обложен со хартија за печење.
Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го 5 минути. За тоа време сварете го чоколадниот сируп.
За сируп: измешајте ги систе состојки, па на тивок оган или на пареа растопете ги и сварете ги.
Колачот исечете го на коцки, па одозгора прелијте го со сирупот: Најпрво по линиите каде е засечен, а потоа и врз целата површина. Оставете го колачот да го впие сирупот, околу половина час, па послужете го.