За старите луѓе обично се вели дека многу попозитивно гледаат на животот од помладите, а за многумина од нив се покажало дека ги карактеризира една заедничка особина – тврдоглавоста.
На изненадување на истражувачите, токму оваа особина се покажала како одлична за психичкото здравје, бидејќи таквите луѓе не се грижат многу за мислењето на другите луѓе околу нив.
Позиивност, тврдоглавост, таботна етика, силна поврзаност со родителите и фамилијата, па дури и религиозноста – се клуч за долг живот, тврдат научниците од Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот во Рим, кои направиле студија на таа тема.
Тие испитале 29 лица кои живееле во зафрлени села од јужна Италија, на возраст од 90 до 101 година. Откриле, дека сите тие имале многу заеднички психолошки особини. Исто така, постарите учесници во студијата имале подобро ментално здравје, од сите помлади челнови на семејството.
Научниците го процениле нивното ментално и телесно здравје преку тестови и разговор. Истата работа ја направиле и со помладите членови на семејството.
Постарите луѓе имале многу попозитивен поглед на животот, а многумина од нив покажале дека ги карактеризира тврдоглавоста.
Оваа карактерна особина се покажала како одлична за психичкото здравје, бидејќи таквите луѓе не се грижат многу за мислењето на остатокот од светот. Втора заедничка особина кај постарите испитаници – е страста за селскиот начин на живот.
-Направени се повеќе студии за старите лица, но главно фокусот бил насочен на генетиката, наместо на менталното здравје и карактер, рекол д-р В. Дилип, главниот автор на студијата и професот по психијатрија на Универзитетот во Сан Диего.
-Главните теми кои произлегоа од нашите студии, а се чини дека се единствени фактори поврзани со доброто ментално здравје на оваа селска популација, се позитивноста, работната етика, тврдоглавоста и силната поврзаност со семејството, религијата и земјата – додава тој.