Многу вкусна слатка која брзо се приготвува.
ТЕМНО ТОБЛЕРОНЕ
Потребни состојки:
8 лажици шеќер во прав
4 жолчки
250 г маргарин или путер
100 г темно чоколадо
100 г крупно сечкани ореви или лешници
100 г мелени бисквити
БЕЛО ТОБЛЕРОНЕ
Потребни состојки:
8 лажици шеќер во прав
4 жолчки
250 г путер или маргарин
100 г бело чоколадо
100 г сечкани желе бонбони
100 г мелени бисквити
Постапка:
Жолчките и шеќерот добро изматете ги и сварете ги на пареа. Штом се загрее смесата, додадете путер или маргарин исечкан на листови и 100 г чоколадо искршено на коцки.
Штом смесата ќе се изедначи, а за тоа е потребно приближно 15-тина минути, додадете крупно сечкани ореви или лешници, а кај белото тоблероне, желе бонбони и 100 г мелени бисквити. Можете да правите и комбинации по ваш вкус.
Смесата излејте ја во обложен триаголен калап со проѕирна фолија, па оставете во фрижидер преку цела ноќ.
Следниот ден ќе биде убаво стегнат и изладен, па извадете го од калапот да се суши.