Одредби и услови за употреба / Договор за услуги
Информациите презентирани на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман. Оваа информација треба да се користи само во комбинација со упатствата и грижата на вашиот лекар. Консултирајте се со вашиот лекар пред почетокот на било каква диета, исхрана или фитнес план понудени преку веб-сајтот. Вашиот лекар треба да ви овозможи соодветни контролни посети и да ви ја индивидуализира вашата диета, исхрана или фитнес план како што смета дека е соодветно. Ништо што е наведено или презентирано на веб-страницата не е наменето да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш барајте го советот од вашиот лекар или друг давател на здравствени услуги, ако имате било какви прашања во врска со здравствена состојба, вашата исхрана, додатоци во исхраната, режимот за вежбање или било кое друго прашање во врска со вашето здравје и благосостојба.
Приватност
Ве молиме погледајте ја нашата Политика за приватност, која исто така ја уредува вашата посета на веб-страницата, за да ги разберете нашите практики за зачувување на приватноста.
Комуникации
Кога ќе ја посетите веб-страницата или ќе ни испратите електронски пораки, вие сте во комуникација со нас по електронски пат. Се согласувате да примате соопштенија (вклучувајќи правни напомени) од нас по електронски пат. Ќе комуницираме со вас преку е-маил или преку објавување известувања на веб-страницата. Се согласувате дека сите договори, известувања, објави и други соопштенија што ги обезбедуваме за вас по електронски пат ги задоволуваат сите законски услови за таквите соопштенија да бидат во писмена форма. NMD, исто така, може да ви доставува соопштенија по електронски пат. Покрај тоа, NMD може да ви доставува соопштенија (вклучувајќи и правни напомени) на поштенската адреса, дадена во вашиот NMD профил за членство. Конечно, NMD може да ви доставува соопштенија со какви било средства утврдени во било која друга NMD политика или напомена објавена на веб-страницата.
ЛИЦЕНЦА И ПРИСТАП НА СТРАНИЦАТА
NMD ви дава ограничена лиценца за пристап и за лична употреба на веб-страницата и не може да ја преземате (освен кеш страниците) или да ја менувате во целина или било кој дел од неа, без експлицитна писмена согласност од NMD. Оваа лиценца не вклучува препродажба или комерцијална употреба на веб-страницата или нејзината содржина; било какво прибирање и употреба на било кој оглас на производ, дескрипции или цени; било какво деривативно користење на веб-страницата или нејзината содржина; или секое процесирање на податоци, автоматско или слично собирање на податоци и алатки за екстракција. Веб-страницата или било кој дел од неа не смее да се репродуцира, дуплира, копира, продава, препродава или на друг начин да се експлоатира за комерцијални цели без експлицитна писмена согласност од NMD. Не смеете да обликувате или да користите било какви техники за обликување за да приложите било каков заштитен знак, лого или други заштитени информации (вклучувајќи слики, текст, дизајнот на страната или формата) на NMD без наша експлицитна писмена согласност.
Не смеете да користите било мета тагови, било кој друг скриен текст користејќи го името на NMD или заштитни знакови, без изречна писмена согласност од NMD. Секое неовластено користење ја прекинува дозволата или лиценцата доделена од страна на NMD.
Ви се доделува ограничено, отповикливо и неексклузивно право да креирате хиперлинк до почетната страна на веб-страницата се` додека линкот не ја прикажува NMD, нејзините партнери или нивните производи или услуги на лажен, невистинит, понижувачки или поинаку навредлив начин. Не смеете да користите било кое лого на NMD или друга заштитена графика или заштитен знак како дел од линкот, без експлицитна писмена дозвола.
Не смеете да превземате делови или цели текстови од НМД и да ги реемитувате, без согласност на нашата редакција.
Вашиот профил на членство
Ако ја користите веб-страницата, вие сте одговорни за одржување на доверливоста на вашиот профил и лозинка и за ограничување на пристапот до вашиот компјутер, и согласни сте да прифатите одговорност за сите активности што се случуваат под вашиот профил или лозинка. NMD и нејзините партнери го задржуваат правото да одбијат услуги, да прекинат профили, да избришат или уредат содржина или да откажат нарачки по сопствено убедување.Членството е непреносливо. Вие се согласувате (а) да ја одржувате сета опрема што е потребна за вашиот пристап и користење на веб-страницата (б) да ја одржувате безбедноста на вашата корисничка идентификација, лозинка, лични информации (како што е дефинирано во Политиката за приватност на веб-страницата), како и сите други доверливи информации во врска со вашиот NMD профил, (в) да преземете одговорност за сите обвиненија кои произлегуваат од користењето на вашиот NMD профил, вклучувајќи и неовластена употреба пред да ја известите NMD за таквата неовластена употреба и пред да преземете правни чекори за да се спречи нејзиното понатамошно случување преку контактирање со нас за да ја смениме вашата лозинка и (г) да ги ажурирате вашите лични податоци (како што е дефинирано во Политиката за приватност на нашата веб-страница), вклучувајќи е-маил адреса, по потреба.
КОНТАКТИРАЊЕ СО NMD
Со нас можете да контактирате преку е-маил [email protected]
ОДРЕКУВАЊЕ И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА.
Корисниците на веб-страницата (индивидуално и колективно, “Корисник”) експлицитно се согласуваат дека користењето на веб-страницата е на сопствен ризик на корисникот. Ниту NMD, ниту нејзините вработени или провајдери, не гарантираат дека веб-страницата ќе биде непрекината или без грешки, ниту пак гарантираат или прават било какво објаснување во врска со употребата на информациите обезбедени на веб-страницата или резултатите кои можат да се добијат од употребата на информациите понудени на веб-страницата или во врска со точноста, веродостојноста или валутата на било какви информации, содржини, услуги или стоки обезбедени преку веб-страницата. NMD не одобрува, не препорачува или не спонзорира и не е поврзана со било кои поединци или правни лица наведени или поврзани со веб-сајтот освен ако тој факт е експлицитно наведен.
Листата на било кој поединец или правно лице не претставува медицински упат од било кој вид. На корисниците им се советува да извршат свој сопствен дополнителен информиран преглед, процена и евалуација во изборот на бил кој и на сите медицински професионалци и здравствени информации. ВЕБ-СТРАНИЦАТА СЕ ОБЕЗБЕДУВА ОД СТРАНА НА NMD ВРЗ ОСНОВА НА ПРИНЦИПИТЕ “КАКО ШТО Е” И “СПОРЕД ДОСТАПНОСТА”. NMD НЕ ДАВА ОБЈАСНЕНИЈА ИЛИ ГАРАНЦИИ ОД БИЛО КАКОВ ВИД, ЕКСПЛИЦИТНИ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ, ВО ОДНОС НА РАБОТЕЊЕТО НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ИЛИ ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ, СОДРЖИНАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ ИЛИ ПОЕДИНЦИТЕ ВКЛУЧЕНИ ИЛИ НАВЕДЕНИ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА. ДО НАЈГОЛЕМА МОЖНА МЕРА ДОЗВОЛЕНА СО ВАЖЕЧКИ ЗАКОН, NMD СЕ ОГРАДУВА ОД СИТЕ ГАРАНЦИИ, ЕКСПЛИЦИТНИ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ИМПЛИЦИТНИТЕ ГАРАНЦИИ ПРИ ПРОДАЖБА И ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА. ПОД НИКАКВИ ОКОЛНОСТИ NMD ИЛИ ДОБАВУВАЧИТЕ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ КОН ВАС ИЛИ БИЛО КОЕ ТРЕТО ЛИЦЕ ЗА БИЛО КАКВИ ИНДИРЕКТНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ ИЛИ КАЗНИВИ ШТЕТИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ЗАГУБЕНИ ПРОФИТИ И ПРЕКИН НА БИЗНИСОТ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ Е СПОРЕД ДОГОВОР ИЛИ ДРУГ ПРЕКРШОК, ВКЛУЧУВАЈЌИ НЕБРЕЖНОСТ, КОИ НАСТАНУВААТ НА БИЛО КАКОВ НАЧИН ОД БИЛО КОЈ ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА ПРОДАДЕНИ ИЛИ ДАДЕНИ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ИЛИ ОД УПОТРЕБА НА ИНФОРМАЦИИТЕ ИЛИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ДАДЕНИ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА, ДУРИ И АКО NMD ЕКСПЛИЦИТНО Е ИЗВЕСТЕНA ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ. ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ОДГОВОРНОСТА НА NMD НЕМА ДА ЈА НАДМИНЕ ЦЕНАТА ШТО СТЕ ЈА ПЛАТИЛЕ ЗА ЕДЕН ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА БАРАЊЕТО. НИКАКОВ УСЕН СОВЕТ ИЛИ ПИСМЕНА ИНФОРМАЦИЈА ДАДЕНИ ОД СТРАНА НА NMD, ДАВАТЕЛИТЕ НА УСЛУГИ ИЛИ СЛИЧНО, НЕ МОЖАТ ДА СОЗДАДАТ ГАРАНЦИЈА; НИТУ КОРИСНИКОТ ТРЕБА ДА СЕ ПОТПИРА НА ТАКВАТА ИНФОРМАЦИЈА ИЛИ СОВЕТ. Под никакви околности NMD или било која друга страна вклучена во креирање, производство или дистрибуирање на веб-страницата нема да бидат одговорни за какви било директни, индиректни, случајни, посебни или консеквентни штети кои произлегуваат од употребата или неможноста за користење на веб-страницата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на резултатите од грешки, пропусти, прекини, бришење на датотеки или е-маил, грешки, дефекти, вируси, одложувања во функционирањето или трансмисијата или било каков прекин на перформансите, без разлика дали произлегуваат од виша сила, прекин на комуникациите, кражба, уништување или неовластен пристап до евиденцијата на веб-страницата, програмите или услугите. Корисникот прима на знаење дека овој став ќе се применува на сите содржини, стоки и услуги достапни преку веб-страницата. Во оние држави кои не дозволуваат исклучување или ограничување на одговорноста за последични или случајни оштетувања, одговорноста е ограничена до највисокиот можен степен дозволен со закон.
Содржина од трети лица.
Веб-страницата содржи информации, податоци, софтвер, фотографии, графикони, видеа, фонтови, графика, аудио и други материјали (колективно “Содржина”). Во однос на содржината обезбедена од страна на Корисниците или други страни освен NMD, NMD е дистрибутер, а не издавач. NMD нема поголема уредувачка контрола врз таквата содржина од трети лица или корисници од онаа на една јавна библиотека или киоск за весници. Сите мислења, совети, изјави, услуги, понуди или други информации што претставуваат дел од содржината изразена или ставена на располагање од трети страни, а не од страна на NMD, припаѓаат на соодветните автори или дистрибутери, а не на NMD. Ниту NMD ниту било која трета страна, вклучувајќи било кој провајдер или било кој корисник на веб-страницата, не ја гарантира точноста, целосноста или полезноста на било која содржина, ниту нејзината употребливост или подесност за било која специфична цел. Во многу случаи, содржината што е достапна преку веб-страницата ги претставува мислењата и проценките на соодветниот провајдер или корисник кој не е под договор со netmedicaldiets.com. NMD ниту ги гарантира, ниту е одговорна за точноста или веродостојноста на било кое мислење, совет или изјава дадени на веб-страницата од било кој друг, освен овластените вработени во NMD. Под никакви околностиNMD нема да биде одговорна за било каква загуба, оштетување или штета предизвикана заради потпирање на корисникот врз информациите добиени преку веб-страницата.Одговорноста паѓа на еден корисник да ја оцени информацијата, мислењето, советот или други содржини достапни преку веб-страницата.
Онлајн однесување.
Корисникот се согласува да ја користи веб-страницата само за легални цели. На корисникот му е забрането објавување или пренесување преку веб-страницата на било каков незаконски, штетен, заканувачки, навредлив, малтретирачки, клеветнички, вулгарен, неприличен, сексуално експлицитен, профан, полн со омраза, расно, етнички или на друг начин непристоен материјал од било кој вид, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на било каков материјал кој поттикнува однесување што би претставувало кривично дело, доведува до граѓанска одговорност или на друг начин ги крши сите важечки локални, државни, национални или меѓународни закони или прописи.
Ако NMD е известена за наводно малтретирачка, клеветничка, штетна, нелегална или навредувачка содржина што е дадена од страна на корисникот, NMD може да ги испита обвинувањата и да определи, според сопствено убедување, дали да ги отстрани или да бара отстранување на таквата содржина од веб страницата. NMD може да открие било која содржина или електронска комуникација од било кој вид: (i) за да задоволи одреден закон, регулатива или владино барање, (ii) ако таквото откривање е неопходно или соодветно за работа на веб-страницата или (iii) за да ги заштити правата или сопственоста на NMD, нејзините корисници или провајдери. NMD го задржува правото да забрани однесување, комуникација или содржина за кои смета, според свое сопствено убедување, дека се штетни за одделните корисници, веб-страницата или било какви права на NMD или било која трета страна или дека крши важечки закон. Без оглед на горенаведеното, ниту NMD ниту нејзините провајдери не можат да осигураат брзо отстранување на сомнителна содржина по онлајн објавувањето. Според тоа, ниту NMD, ниту провајдерите нема да преземат одговорност за било какво дејствување или недејствување во врска со однесување, комуникација или содржина на веб страницата.
Линкови до други страници.
Веб-страницата може да се повикува или да се поврзува на страници на трети лица на целиот Интернет. NMD нема контрола над овие страници на трети лица или содржината во нив. NMD не може да гарантира и не гарантира, не застапува или не наложува дека содржината содржана во овие страници на трети лица е точна, легална или ненавредлива. NMD не ги одобрува содржините на било која страница од трето лице, ниту пак гарантираме дека тие нема да содржат вируси или на друг начин да влијаат на вашиот компјутер. NMD не презема никаква одговорност или обврска за дејствијата, производот, услугите и содржината на сите овие и било кои други трети страни. Ако одберете да се поврзете или да користите веб-страница на трето лице, треба внимателно да ги разгледате изјавата за приватност и други одредби и услови за користење на таа трета страна. Со користење на веб-страницата за пребарување или поврзување со друга страница на трети лица, вие се согласувате и разбирате дека не може да поднесете тужба против NMD за било какви штети или загуби, какви и да се, кои произлегуваат од користењето на веб-страницата за да добиете резултати од пребарување или за да се поврзете на друга страница.
АВТОРСКИ ПРАВА.
©nmd.mk, Inc 2013-2020 година. All rights reserved.
Сите материјали и содржината содржани на веб-страницата (вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текстот, графиката, логоата, иконите, сликите, аудио клиповите, дигиталните симнувања, компилациите на податоци и софтвер) и самата веб-страница, се материјали заштитени со авторски права, кои припаѓаат исклучиво на NMD или нејзините добавувачи на содржини и се заштитени со Законот за авторски права на Соединетите американски држави и земјите во светот. NMD ги наметнува своите авторски интереси во најголем можен степен дозволен со закон и ќе бара граѓански и кривични лекови каде што е соодветно, вклучувајќи ги и правните лекови предвидени во деловите 501 и следните на Насловот 17 од Кодексот на САД. Сите права се задржани.
Заштитени трговски марки.
ОБЕШТЕТУВАЊЕ.
Вие се согласувате да ги браните, да ги обештетите и да ги чувате NMD и провајдерите безбедни од и против сите тужби, дејствија или барања, обврски и порамнувања, вклучувајќи, без ограничување, разумни правни и сметководствени такси, кои произлегуваат од или наводно произлегуваат од вашето прекршување на овие Одредби и услови.
ВАЖЕЧКИ ЗАКОН.
Веб-страницата е креирана и контролирана од NMD во државата Република Северна Македонија. Како таква, законите на државата Република Северна Македонија ќе ги регулира овие одрекувања, одредби и услови, без влијание на било кои принципи на конфликти на закони. NMD го задржува правото да направи промени во својата веб-страница и на овие одрекувања, одредби и услови во секое време. Корисникот со ова неотповикливо и безусловно се согласува да се потчини на надлежноста на државата Република Северна Македонија за сите судски постапки кои произлегуваат од или во врска со користење на или купување направено преку веб-страницата (и се согласува да не започне било каква судска постапка во врска со неа, освен во овие судови), се откажува од било каков приговор на поставувањето на местото на одржување на сите такви судски постапки во судовите на Македонија и се согласува да не се изјасни или жали во ниеден суд во Македонија дека таквата судска постапка поднесена во нив е поднесена во незгоден форум.
РАЗНИ ОДРЕДБИ.
Во било какво дејствие против нас кое произлегува од користењето на оваа веб-страница, страната што ја добила судската постапка има право да ги поврати сите законски трошоци направени во врска со дејствието, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на своите трошоци, и оние кои подлежат на оданочување и оние кои не подлежат, како и разумни адвокатски надоместоци. NMD го задржува правото да прави промени на веб-страницата, на овие политики и овие Одредби и услови во секое време, кои стапуваат на сила веднаш по објавувањето на оваа веб-страница. Ве молиме, овие Одредби и услови проверувајте ги периодично. Покрај тоа, овие Одредби и услови може да бидат изменети само преку наше објавување на измените на овие Одредби и услови на оваа веб-страница или преку потпишана писмена согласност на двете страни. Секој пат кога ќе пристапите на оваа веб-страница, ќе се смета дека сте ги прифатиле сите такви измени. Ако било кои од овие одредби и услови ќе се сметаат за невалидни, безполезни или заради било каква причина, неспроведливи, таа одредба или услов ќе се смета за деллив/а и нема да влијае врз валидноста и спроведливоста на сите преостанати одредби и услови. Овие Одредби и услови се целосниот договор меѓу вас и нас во врска со предметната материја во овој документ. Ние можеме да ги пренесеме нашите права и обврски под овие Одредби и услови. Овие Одредби и услови ќе ја зацврстат ползата на нашите наследници, ополномоштеници и корисници на лиценците. Неуспехот на која било страна да инсистира на или да ги спроведува строгите перформанси на другата страна во однос на било која одредба од овие Одредби и услови или да остварува било кое право врз основа на Одредбите и условите, нема да се толкува како откажување или напуштање во било кој обем на правото на таквата страна да го наметне или да се потпира на било која таква одредба или право во таа или било која друга инстанца; туку ќе биде и ќе остане во полна сила и ефект.
Политика на доставување на идеи што не ви се бараат
НМД, и / или било кој од нејзините вработени не прифаќаат или не земаат во разгледување идеи што не ви се побарани, вклучувајќи идеи за нови рекламни кампањи, нови промоции, нови или подобрени производи или технологии, подобрувања на производи, процеси, материјали, маркетинг планови или нови имиња на производи. Ве молиме, не испраќајте било какви оригинални креативни илустрации, сугестии или други работи. Единствена цел на оваа политика е да се избегнат потенцијални недоразбирања или спорови кога производи на nmd.mk или маркетиншки стратегии би можело да изгледаат слично на идеи доставени до nmd.mk. Значи, немојте да ги испраќате вашите идеи што не ви се побарани до nmd.mk. Ако, и покрај нашето барање да не ни испраќате ваши идеи, вие сепак ги испратите, тогаш, без оглед на тоа што стои во вашето писмо, факс или e-mail, врз вашето доставување на идејата ќе бидат применети следните одредби.
Одредби за доставување на идеи
Вие се согласувате дека: (1) вашите идеи автоматски ќе станат сопственост на nmd.mk, без надомест за вас, и (2) nmd.mk може да ги користи идеите за било каква цел и на било каков начин, дури и да ги даде на други.
Повратни информации за производи и / или услуги
nmd.mk сепак, ги поздравува вашите повратни информации во врска со многу области на постојниот бизнис на netmedicaldiets.com. Ако сакате да ни ги испратите вашите повратни информации, а ние се надеваме дека тоа ќе го направите, едноставно Ве молиме да ни испратите е-маил на [email protected]. Ве молиме, испратете само специфични повратни информации за постојните производи или маркетинг стратегии на netmedicaldiets.com; не вклучувајте никакви идеи кои политиката на netmedicaldiets.com нема да ги дозволи, да ги прифати или да ги разгледа. Тоа е само уште еден начин на кој netmedicaldiets.сom може да научи како најдобро да ги задоволи вашите потреби.
Повратни информации и информации
Секоја повратна информација што ќе ја испратите на оваа веб-страница ќе се смета дека не е доверлива. nmd.mk ќе биде слободна да ја користи таквата информација врз неограничена основа.