Еден од најубавите зимски аксесоари е големиот, пуфкаст, волнен шал.
Можете да го купите на речиси секој чекор, во реномирани стоковни куќи или во обични продавнички со кинеска роба.
Но, можете да имате и уникатен шал изработен со вашите сопствени раце и 4 клопчиња волна, за само половина час!
Во деталното видео со упатство за изработка, ќе научите како за помалку од еден час да си исплетете преубав зимски шал.
Потребни ви вашите вешти раце и дебел волнен конец (или по сопствен избор). За помал шал ќе ви бидат потребни најмалку две клопчиња волна.
За двоен шал ќе ви бидат потребни четири, од кои секое клопче би требало да изнесува околу 40 метри конец и да тежи околу 100 грама.
Вклучете го видеото, а во горниот десен агол имате опција да го вклучите упатството со превод на српски јазик или некој друг кој за вас е разбирлив. За жал, го нема на македонски јазик.
Еве го видеото: