Хидротерапија, или уште се нарекува терапија со вода, претставува метод на лекување при кој се кристи поволното дејство на водата (ладна, топла, водена пареа) врз севкупната состојба на организмот.
Примената на терапевтското дејство на водата има корени уште од старите римјани, кога и природонаучниците Гален и Целзиус ги оставиле првите пишани документи за дејството на топлата и ладната вода врз организмот.
Најпознато е шкотското туширање.
Шкотското туширање се препорачува при:
-анемија
-во период на опоравување
-ишијас
-хронични заболувања
-за отпорност на телото
-за ослободување од стрес
-за релаксација
Се работи со многу силен млаз од тушот, со наимечно ладна/топла вода:
-топла вода – 15-20 секунди
-студена вода – 15-20 секунди
Без престанок, 5-7 пати, 2-3 пати дневно.
*Се започнува од десното стапало, а млазот треба да се движи нагоре до стомакот. Се враќа назад до стапалото.
*Се пренесува млазот на левото стапало, па се повторува исто како за десното.
*Од левата страна на струкот, дијагонално се движи млазот нагоре кон десното раме, па надолу до коренот на дланката.
*Од десната дланка дланката, се враќа млазот до рамето, па се движи неколку пати надолу/нагоре до папокот и назад, низ целото торзо.
*Кога ќе се стигне до левото рамо, млазот се движи до левата дланка и назад.
*Од левото рамо, млазот се движи хоризонтално кон десно, и постепено со лево/десно движења се спушта надолу до почетокот на десниот бут од ногата.
*Млазот се спушта до десното стапало, па се менува водата од топла кон студена, и се повторува постапката.
Оваа хидротерапија се применува во многу спа центри насекаде низ светот.
Температури на водата кои се користат во хидротерапија
Постојат повеќе класификации на водата според загреаноста, и тоа:
* Неутрална, каде температурата е од 30 до 34 степени
* Топла, со температура од 35 до 37 степени
* Жешка ,со температура на 38 степени
* Ладна вода од 20 до 23 степени
Дејство на хидротерапијата
Самото потопување на телото во вода, поради елиминирање на гравитациските сили го олеснува неговото движење.
Потопувањето во ладна вода најчесто се врши на дел од телото и се користи за забавување на локалните метаболни процеси, намалување на едемот и локализирање на воспалителниот процес.
Влијанието на топлата вода, пак, ги подобрува метаболните процеси, го намалува крвниот притисок, ја релаксира мускулатурата, го подобрува еластицитетот на меките ткива, го олеснува движењето во зглобните структури, делува смирувачки на нервниот систем.
Каде може да се примени хидротерапијата
Поради широкото дејство на водата, зависно од нејзината температура индикациите за примена на хидротерапија се големи.
* При одредени гастроинтестинални заболувања, каде се користи смирувачкото и релаксантно дејство на водата.
* При фебрилни состојби, со цел на разладување на телото,
* Респираторни заболувања
* Ревматски болести во хроничната фаза каде се користи антиинфламаторното дејство на водата, се релаксира мускулатурата и се подобрува обемот на движење и се олеснува севкупната состојба на локомоторниот апарат.
* При рехабилитација во ортопедија по имплантација на зглобни ендопротези на зглобови, каде топлотното дејство на водата го подобува еластицитетот на меките ткива, го подобрува обемот на движење, а воедно и се зајакнува околната мускулатура.
* Во третманот по скршеници и други травматски повреди, каде поради намалување на притисокот во водата е можно правилно оптоварување и враќање во функција на повредениот екстремитет.
* Болките во ‘рбетот се една од најчестите тегоби со кои се сретнува човекот. Релаксацијата на грбната мускулатура и нејзиното правилно зајакнување во растоварена положба е значајно во третманот на оваа болна состојба
* Пливањето е хирдокинезитерапевтски метод кој игра голема улога во превенција и спречување на развојот на деформитетите на ’рбетниот столб кај децата.
* Невролошки заболувања