Ова приказната за Андреј Павленко.
За Андреј Павленко можеме со сигурност да кажеме дека е херој на новото време.
Еден од најдобрите руски онколози и хирурзи, настапи во една емисија за да им ја соопшти својата приказна за борбата со ракот.
40-годишниот Андреј Павленко направил преку 2500 операции и отстранувал малигни тумори. Меѓутоа, неодамна и самиот дознал дека има рак на желудникот и тоа во трет степен.
Андреј деноноќно работел, па немал време да ги забележи знаците кои телото му ги испраќало.
“Болеста имаше скриени симптоми на кои веднаш не се посомневав. Имав 39 години. Поради овие 2 фактори не помислив дека треба да одам да се прегледам.
Болките во стомакот започнаа уште во ноември 2017 година, а потоа ги спречив со лекови. Помислив дека сето тоа ми се случува поради нередовните оброци и напорната работа.
Во април направив гастроскопија и хистологија, а потоа ми беше дијагностицирана болеста – признава хирургот.
Експертите му соопштиле: Рак на желудникот, трет степен. Но хирургот не дозволил оваа вест да го обесхрабри. Андреј одлучно влегол во борба против смртната болест.
Дури, започнал да води блог и луѓето да ги информира за текот на лекувањето и постепеното подобрување на својата состојба. Павленко имал само една мисија: Да ги убеди заболените од рак дека оваа болест не е нелечлива.
По сè се чини дека ова добро му поаѓа од рака. Според неодамнешните прегледи, примарниот тумор се намалил за половина. Неговата сопруга и неговите три деца даваат сè од себе за да му помогнат за да се избори со болеста.
Тешката дијагноза го присилила Павленко целосно да го промени својот начин на живеење и исхрана.
“Сега дома јадеме само варена храна. Солта и цигарите целосно ги исфрливме. Тој е силен човек, најсилен од сите нас. Кај него има позитивна желба за живот” – рекла неговата сопруга Ана.
Колегите хирурзи и студентите по медицина кои соработуваат со Андреј, одлучиле сите да ја избричат главата за да му дадат поддршка на својот колега во борбата со болеста.
Каква е прогнозата, дали знаете?
Мојата прогноза после успешната хемотерапија значително се подобри: Имам 50% шанси да се излекувам – т.н. “петгодишно преживување”. Ова се смета за добар резултат во лекувањето.
Среќен сум што мојот тумор спаѓа во групата кои се осетливи на хемотерапија.
Ако се прегледавте пред една година, дали ќе можевте да ја исечете болеста во самиот корен?
Пред две години, пред да ја добијам дијагнозата, направив гастроскопија, но освен гастритис немаше ништо друго. Ако после една година направев повторно гастроскопија, сигурен сум дека на истиот резултат ќе наидев.
Кај нас во Русија преовладуваат инфилтрирани, т.н. ниско диференцирани облици, кои според податоците на ендоскопскиот преглед во раните фази многу тешко се откриваат.
Ако туморот е до величина од 1 см, ние нема да забележиме промена на слузокожата, туку сето тоа е во длабочината, па дури ни најискусниот лекар можеби нема ништо да забележи.
Дали советувате второ мислење?
Да. Советувам да не се плашите, да копате, истражувате, да се распрашувате. Ако знаете дека некоја клиника спроведуват такво и такво лекување, слободно побарајте второ, трето мислење.
Каков пациент сте вие, со оглед на тоа што сте онколог? Дали забележавте разлика, дали научивте нешто што не го знаевте сека како пациент?
Јас сепак бев во предност, бидејќи сум онколог, имам многу пријатели. И затоа не наидов на бирократската машинерија која ја имаме. Никаде не чекав, ниту во една фаза од лекувањето не го губев времето.
Но, лично познавам пациенти кои понекогаш поминуваат по два или три месеци во редовите за бескрајна консултација. Тоа губење на време за пациентите кои имаат трет или четврт стадиум на ракот не е голем губиток, но за оние со почетен стадиум е пресудно, бидејќи токму во текот на тие месеци додека чекаат, болеста може да напредне во втора фаза.
Дознав дека нашите пациенти се во тешки услови. Немаме психолошка поддршка за пациентите кои паѓаат во депресија. А тоа, често се случува.
Често велат: “Не мисли на најлошото…”
Тоа е погрешен став. Мора да размислувате на сите можни опции. А кога ракот ќе дојде вие не сте не сте подготвени и шокот е уште поголем. Се прашувате: Како? Зошто јас? Што понатаму?
За докторот е многу важно да биде и психолог, да знае кога на пациентот да му ја соопшти целата вистина, како да се дозираат информациите кај луѓе кои според проценката можат да извршат самоубиство…
Но, да бидеме искрени, онкологот никогаш не го учат на тоа како да биде психолог. Завршив две специјализации, зад себе имам години искуство, но никој никогаш не ме научи како да зборувам со пациентите, тоа морав сам да го совладам.
Целото интервју можете да го погледнете на видеото: