Фото и рецепт: Линда

Овој рецепт го имам веќе подолго време и често го приготвувам. Има фантастичен вкус, брзо се приготвува и може да се користи како прелив за колачи, палачинки, сладолед или друга слатка, но исто така, може да се користи и како намаз.

Потребни состојки:

210 г шеќер
85 г путер или маргарин
120 мл слатка павлака за шлаг

Постапка:

Шеќерот ставете го на умерен оган додека да се растопи и да се карамелизира. Внимавајте да не ви загори.

Штом шеќерот ја добие кактеристичната карамел боја, додадете го путерот или маргаринот.

Тргнете го садот на страна или намлаете го огнот на најтивко, па со постојано мешање додадете ја слатката павлака.

Мешајте постојано за да се изедначи смесата. Тргнете ја настрана да излади со повремено промешување, а потоа складирајте ја во тегла.

Може и да го промените соодносот на состојките, во зависност од потребите и вкусот.

Па така, еднаш карамелот го направив од 200 г шеќер, 200 мл слатка павлака и 45 г путер. Добив речиси 400 г карамел, т.е. наполнив една тегличка од Линолада од 400 г.