Фото и рецепт: Вукица
Потребни состојки:
200 г путер
300 г + 2 лажици брашно
100 г шеќер во прав
2 жолчки
4 лажици какао
за фил:
500 мл слатка павлака
200 г чоколадо за готвење
1 лажица масло
Постапка:
Путерот на собна температура изматете го пенасто, додадете шеќер во прав, продолжете со матење, па на крај додадете ги и жолчките. Матете додека да се изедначи смесата.
На страна измешајте го брашното со какаото, па постепено додадете го во претходната смеса со непрекинато матење. На крај треба да добиете мазно тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се стегне и олади околу половина час.
На работната површина наросете малку брашно и развлечете кора. Со чаша или тркалезен калап 3-5 см вадете кругови и редете во плех обложен со хартија за печење. Ставете ги во претходно загреана рерна на 180 степени и печете ги 15-тина минути.
Фил: загрејте ја слатката павлака и пред зовривање тргнете го садот на срана. Додадете искршено 150 г чоколадо и мешајте додека тоа да се растопи и соедини. Оставете го филот да се олади, а потоа спојувајте по две изладени кекси. Потоа можете да го измиксате ако сакате да добиете повоздушест крем.
50 г чоколадо растопете со малку масло, па натопувајте ја едната страна од колачето и украсете по желба.
Јас секогаш правам двојна доза зошто веднаш штом ги направам овие колачиња – исчезнуваат додека да трепнеш.