Home Рецепти Брза пита со инстант пире – се топи во уста, многу е...

Брза пита со инстант пире – се топи во уста, многу е вкусна, за појадок, ручек или вечера

Направете вкусна, брза пита со инстант пире и песто сос, а доколку немате песто сос, може да додадете зачин каков што сакате, босилек, оригано, ајвар, ситно сирење, кулен…Со овој рецепт не можете да погрешите.

Потребни состојки:

3 јајца
150 мл млеко
100 мл масло
4 лажици кисела павлака
1 лажичка сол
1 лажица песто сос (или по ваш вкус)

Постапка:

Кратко се матат јајцата колку да запенат, па се додава 150 мл млеко, 4 лажици кисела павлака и една полна лажица песто сос, како и 100 мл масло, една лажичка сол.

Сите овие состојки измешајте ги убаво да се соединат, па додадете брашно, инстант пире и прашок за печиво.

120 г инстант пире (околу 15 лажици)
4 лажици брашно
½ прашок за печиво (1 лажичка)

-сусам или други семки за наросување одозгора.

<

Откако ќе ја добиете смесата одозгора со наросува со семки по ваш избор. Се пече во помала тепсија, обложена со хартија)во загреана рерна на 200 степени, околу 20-30 минути. Оставете малку да излади, па сечете ја.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: