Фото и рецепт: Амина Хусиќ

Овој многу интересен рецепт ни го претстави нашата драга Амина Хусиќ, за кој таа има подготвено и интересно видео кое можете да го погледнете на крајот од рецептот.

Потребни состојки:

6 белки на собна температура
300 мл шеќер (мерено во чаша)
150 г мелени лешници (ситно како брашно)
100 мл густин (мерено во чаша) или пудинг од ванила

За фил:

500 мл слатка павлака
банани, малини или овошје по желба
За декорација: Топено чоколадо, шеќер во прав, шлаг, малини

Постапка:

Добро изматете ги белките отстојани на собна температура, па потоа постепено додавајте го шеќерот. Матете додека тој целосно се растопи и добиете сјаен, цврст снег. Снегот од белки оставете го на страна.

Лешникот и густинот (нишесте) промешајте ги добро да се изедначат и да нема грутчиња.

Потоа мешавината од лешник полека и внимателно додадете ја во снегот од белки. Додавајте постепено и мешајте со лажица за да остане смесата воздушеста.

Добиената смеса ставете ја во шприц и полека истиснете ја во плех 35х40 см обложен со хартија. Се истискува по должина на плехот во лентисо ширина од околу 1-2 см. Се прават линии една до друга.

Вака направената кора се става да се пече во загреана рерна на 170 степени, 20 минути. Кога е печена се остава да излади, па се превртува врз друг лист хартија и внимателно се одлепува од листот на кој се печеше. Ако случајно имате проблем со одлепувањето, само одозгора навлажнете ја малку хартијата и таа без проблем ќе се одлепи.

За фил: Слатката павлака изматете ја во шлаг. Изладената кора премачкајте ја со овој шлаг а потоа, врз него наредете банани исечени на тркалца и малини.

Со помош на хартијата свиткајте го ролатот и нежно притиснете. Декорирајте го по желба.

Сите детали можете да ги погледнете во видеото: