Од година во година се бележат климатски екстреми на глобално ниво, ни минатата зима ќе остане посебно запаметена по ниските температури и снегот на кој како малку да подзаборавивме.
Водени од тоа искуство, многумина ја исчекуваат прогнозата за оваа зима. Според официјалниот став на метеорололозите, долгорочна временска прогноза без отстапувања е невозможно да се изготви, бидејќи условите во кои се творат климатолошките законитости се менуваат од момент во момент.
Меѓутоа, постои еден пензиниоран професор по спорт од Србија, на кој долгорочната временска прогноза му оди од рака без грешки, од година во година.
Почнувајќи од конвенционалната метеоролошка апаратура, Мухамед Адемовиќ од Тутин ги следи природните законитости и движења во растителниот и животинскиот свет.
Потребно е многу време и љубов за да се научи овој посебен јазик на природата – вели тој. Мухамед во својот град, но и во поголемиот дел од Србија е познат како своевидна ренесансна личност.
Како вљубеник во фотографијата и електротехниката, Адемовиќ својата прва етапа од формалното образование ја завршил како наставник по физика и хемија. Кога собрал доволна сума пари за да го продолжи своето образование, тој се запишал на Факултетот за спорт и физичко воспитување во Белград. За време на студирањето се обучувал за метеоролог и истовремено започнал со изучување на ботаника.
-Со дипломата од ДИФ, дома понесов уште еден куп формално и неформално образование. Школувањето го финансирав работејќи како спасител и сервисер на електрични апарати, а слободното време го трошев во изучување на науките кои ме интересираа.
Никогаш не можев да се ограничам на едно мислење и поле на дејствување. Таквиот став ме доведе овде каде што сум денес- наведува Адемовиќ.
Како школуван метеоролог, Адемовиќ во 1970-тите бил задолжен од локалната метеоролошка станица секојдневно да ги очитува метеоролошките параметри и да ги доставува до Хидрометеоролошкиот завод на Србија.
-Секој ден вршам мерења на температурата, влажност на воздухот, воздушниот притисок, односно количина на врнежи, ги евидентирам и ги испраќам до Заводот – наведува тој.
Но, има нешто што скалата на термометарот и барометарот не го гледаат. Минатата година уште есента знаев дека зимата ќе биде долга и ладна. Тоа јасно можеше да се види во шумата, каде ниските растенија уште во октомври беа прекриени со мов, а инсектите кои во текот на зимата престојуваат под кората на дрвјата, го променија своето живеалиште.
Кога во својата викендица затекнав илјада бумбари, сфатив каков екстрем нè очекува – раскажува метеорологот од Тутин.
Природонаучниот пристап во метеорологијата не е ништо ново и необично, а ова го потврдува и стручниот соработник за климатологија на Федералниот хидрометеоролошки завод во Сараево, Бакир Крајиновиќ.
-Првенствено научниот пристап и методологијата на работата е токму посматрањето на растителниот и животинскиот свет, како и толкувањето на нивниот јазик.
Животните се значително почувствителни на метеоролошките промини за разлика од луѓето, па нивното однесување, заедно со промените во природата, го наговестуваат движењето на временските прилики – објаснува климатологот од Сараево.
Есента е најдобриот природен показател за климатолошките прилики во текот на целата година. Според тврдењата на Адемовиќ, есента многу говори за тоа каква ќе биде зимата, додека природата на зимата открива какви движења би можело да се случат в текот на пролетта, односно летото.
И, еве што може да се очекува за зимата која е пред нас…
-Не сум ни јас наивен, доаѓа до благо отстапување, но повторно климата овде е карактеристична и е прилично склона на екстреми. Одовде може многу да се каже за цела Србија, па дури и за поширокиот регион на Балканот.
Овде има места кои се проодни, а сепак станува збор за недопрена природа, од каде најдобро се читаат знаците од растителниот и животинскиот свет – наведува Адемовиќ.
Мравјалниците се доста доверлив показател. Метеорологот од Тутин во овој период од годината ги користи мравјалниците како исклучителен показател на претстојните температурни пригоди.
-Обично работам врз десет примероци, а се користам со мерна шипка која ја забодувам во колонијата на мравките. Во нормални услови нивните ларви се наоѓаат на првите 20 см од површината, додека минатата година своите ларви ги имаа пренесено на длабочина од преку еден метар – наведува тој.
Климатологот Крајиновиќ целосно се сложува со “медотод на мравјалници” и тврди дека тоа е една од познатите пристапи за собирање параметри во т.н. “Народна метеорологија”.
-Уважениот колега, покрај научните методи, активно се служи и со методите од народната, односно природната метеорологија, која детално ја има опишано Милан Сијерковиќ во својата книга. Го поздравувам ваквиот пристап, може да понуди многу информации за еден локалитет, но мора да напоменам дека ако се користи засебно, без модерните, научни рамки, не може да биде прецизен – изјавил Крајиновиќ.
ДАЛИ НЕ ЧЕКА БЛАГА ЗИМА?
Токму богаото искуство во мултидисциплинарниот пристап му овозможиле на Адемовиќ да процени и адекватно да ги прочита природните знаци. Тој не смета дека внесува иновација во метеорологијата, туку дека само го користи сопственото чувство и љубов кон природата, за да ги дополни празнините кои класичната метеорологија не ги пополнува.
Се очекува дека претстојната зима ќе биде блага, со умерени врнежи. “Првиот снег го имавме на почетокот од октомври, ги скрши слабите дрвца, на кои сè уште имаше листови, па така оваа појава можеме да ја протолкуваме како природна селекција. Кога рано започнуваат врнежите, тоа значи дека ќе бидат чести, но рамномерно распоредени. Значи, во серија на екстреми, оваа година малку ќе одмораме” – заклучува народниот метеоролог Мухамед Адемовиќ од Тутин.