Фотографија и рецепт на Наталија. На сите можеби ви се познати рум касато штанглите, но оваа верзија има една тајна состојка. Имено, за меката конзистенција е заслужен компирот.
Колачот многу брзо и едноставно се приготвува, без печење, посен е, па е совршен за посни слави.
Потребни состојки: 300 г лупен компир, 100 г чоколадо за готвење, 100 г маргарин, 300 г мелени посни бисквити, 150 г шеќер во прав, 1 лажица (15 г) какао и 4-5 лажици рум. За глазура: 120 г чоколадо и 2 лажици масло
Постапка: измерете нешто повеќе од 300 г компири, излупете ги и измијте ги, па повторно измерете да биде точно 300 г.
Исечкајте го на коцкички и сварете го во зовриена вода на вообичаен начин (исто како за компир пире) околу 30 минути.
Во целост исцедете го од водата, па во тенџерето со сè уште врелиот компир веднаш додадете го чоколадото искршено на коцки и маргаринот исечен на листови.
Започнете со мешање и гмечење. Од топлината на компирот чоколадото и маргаринот сосем ќе се растопат.
Гмечете додека да добиете фино “чоколадно пире”, така што ќе нема грутчиња од компирот. Моѓете да го изматите и со миксер доколку сакате.
Потоа додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какао во прав и рум по вкус (јас ставив 5 лажици), па целата смеса добро промешајте ја со лажица додека да стане еднолична и компактна.
Во помал плех со приближни димензии на 30х20 см обложен со хартија, излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја. Ставете ја во фрижидер додека ја приготвувате глазурата.
Глазура: во мало тенџере ставете го искршеното чоколадо на коцки и маслото, па растопете ги на најтивко. Оставете да излади 5-10 минути, па прелијте го колачот со глазурата.
Вратете повторно во фрижидер добро да излади и да се стегне, најмалку 2-3 часа, а најдобро преку целата ноќ, па сечете на штанглички со саканата величина. Моите беа 4х2 см а ги сечев со скалпел и со помош на линијар.
Фото и рецепт: Наталија