-Дека местото на кое сте ја оставиле билката е лошо, ќе забележите по листовите кои полека ќе започнат да ја губат својата зелена боја и ќе пожолтуваат.
НЕГА НЕ ЦВЕЌЕТО ВО ТЕКОТ НА ЛАДНИТЕ ДЕНОВИ
Во текот на ладните есенски и зимски денови, повеќето билки е најдобро да се внесат внатре, но постојат две места во домот кои никако не им одговараат (истото важи и за салонските билки кои во текот на целата година седат дома и не се изнесуваат надвор).
Станува збор за местата покрај прозори низ кои влегува ладен воздух (треба да се внимава листовите на билките да не го допираат ладното прозорско стакло) и места покрај извор на топлина, како што се печка или радијатор, бидејќи ја извлегува влагата од билката, па можно е таа брзо да се исуши.
Тоа ќе го забележите по листовите кои полека пожолтуваат, односно почнуваат да венеат.
ПОРЕТКО НАВОДНУВАЊЕ
Поради намалената сончева светлина, домашните билки во текот на зимата растат поспоро, па не им е потребно толку вода како во топлите месеци. Со претерано полевање може да предизвикате различни заболувања кај билките.
ПОВЕЌЕ СВЕТЛИНА
Како ќе се намалува денот, така и сончева светлина ќе има сè помалку, па потрудете се да ги отстраните сите препреки за апсорпција на сончевата светлина – редовно бришете ја прашината од листовите.