Фото и рецепт: Маја Митиќ
Овие крилца имаат вкус како да се карамелизирани, многу се вкусни, особено за мезе перфектно одговараат.
Потребни состојки:
1 кеса пилешки крилца Перутнина Птуј
Маринада:
2 лажици мед
2 лажици кечап
2 лажици сенф
1 лажица балсамико оцет
1 лажиче чили во прав или лут буковец
Сол и зачини: вегета, кари, бибер, рузмарин, магдонос, лук во прав
100 мл (1/2 чаша) вино
Постапка:
Крилцата се мијат убаво и се сушат со салветка. Потоа се солат по вкус и се тријат со зачините.
Во посебен сад се мешаат мед, кечап, сенф, балсамико оцет и чили во прав. Се премачкуваат крилцата убаво од сите страни и се редат во тепсија обложена со хартија за печење.
Се наросува малку масло и се полева половина чаша бело вино (или какво имате).
Се печат во загреана рерна на 200-220 степени додека да заруменат.
Фото и рецепт: Маја Митиќ
Од Македонска кујна, некогаш и денес