Многу се вкусни и меки како памук, потребни ви се само калапи за мафини, а доколку немате, можете да ги печете како класични кифли.
Потребни состојки:
1 јајце
100 г масло
1 сув квасец
200 мл млеко
20 г шеќер
10 г сол
околу 400 г брашно тип 400
и уште:
1 јајце за премачкување
семки по желба за наросување
сирење за фил
Постапка:
Во млако млеко додадете го квасецот и шеќерот, промешајте, покријте со салветка и оставете на топло да се активира.
Потоа во подлабок сад додадете го активираниот квасец, маслото, јајцето, солта, па со постепено додавање на брашното замесете убаво мазно тесто. Оставете го малку да одмори, па поделете го на 15-тина еднакви делови. Приближно една топка да тежи околу 50-60 г.
Секое топче развлечете го, на дното исечете ленти, премчкајте со крем сирење или фил по ваша желба, па свиткајте како кифла.
Потоа свиткајте го во полжав и ставете го во калап за мафини, претходно намастени со путер или маргарин. Во секој отвор се става по еден полжав.
Оставете ги да стасуваат, па премачкајте ги со изматено јајце. Наросете со семки и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути.