Ова се многу вкусни бомбици, многу декоративни, едноставни и лесни за подготовка, многу вкусни…

Потребни состојки за мали:

3 конзерви туна
125 г посен маргарин
200 г пржен сусам

Потребни состојки за големи:

500 г компир
100 г посен маргарин
150 г зелени маслинки
100 г пржен сусам
сол по вкус

Постапка:

За мали бомбици: Од 3 конзерви туна исцедете го маслото, а туната добро изматете ја со маргаринот претходно омекнат на собна температура.

Потоа додадете 100 г испржен сусам (се пропржува на сува тава со постојано мешање додека да замириса и малку да ја смени бојата, но внимавајте да не ви изгори).

Сето убаво промешајте го за да се добие компактна смеса. Оставете во фрижидер околу еден час да се стегне, па правете топчиња и валкајте ги во испржен сусам.

За големи бомбици: Сварете половина килограм бел компир во лушпа, па изладете ги, излупете го и испасирајте го заедно со 100 г растопен маргарин.

Оставете го еден час во фрижидер да излади. Потоа со лажица вадете и формирајте топчиња со малку намастени дланки.

Во средината од секое топче ставајте една маслинка без семка, формирајте топче и валкајте го во испржен сусам.

Пред послужување добро изладете ги.