Home Диети Германските научници измислија нов трик за слабеење – можете да го пробате...

Германските научници измислија нов трик за слабеење – можете да го пробате уште вечерва

Германските научници откриле дека доколку го примените следниот трик – можете да изедете 9% помалку храна, па со самото тоа имате и помали шанси да се здебелите и да ја упропастите линијата.

​

Кога јадете во темнина, јадете 9% помалку храна отколку кога би јаделе на светлина.

До овој податок дошол тим од научници кои резултатите од студијата ги објавиле во медицинското списание Quality and Preference.

​

Тоа би можело да биде рецепт за слабеење, бидејќи како што тврдат, суштината е во тоа дека погледот на храна го отвора апетитот, па би требало да не ја гледаме ако сакаме да ги намалиме килограмите.

​

ПЛАН ЗА СЛАБЕЕЊЕ:

<

Научниците од Германскиот Универзитет Констанц спровеле испитување на две групи доброволци, од кои првите јаделе со врзани очи, а другите со отворени, бидејќи била контролна група.

​

Пред секој учесник по 15 минути стоеле три чинии со по 95 грама сладолед. Излегло дека оние кои јаделе со затворени очи изеле 9% помалку храна, односно 105 грама сладолед по лице, додека контролната група изеле по 116 грама.

​

За да го разберат тој механизам на ситост во темнина, научните ги испитале учесниците за впечатоците и го заклучиле следното:

“Без поглед на храна испитаниците се фокусирале на она што во моментот го чувствуваат додека јадат, па го прекинувале оброкот штом ќе почувствувале ситост”, објаснила д-р Брита Ренер, автор на студијата.

​