Хидрогенот отсекогаш се сметал за безбеден и природен антисептик. Не е прескапо, па затоа ова високоефективно средство треба да го има секое домаќинство.
Со помош на раствор од водород-пероксид (хидроген) може да се дезинфицираат рани, но може да се користи и за нетрадиционални цели.
Во продолжение на текстот ќе прочитате за 6 начини на 3% хидроген во домаќинството. Хидрогенот можете да го купите во секоја аптека.
1.Отстранување на дамки
Ви се случило на душекот да ви се појават дамки?
Секако, такви работи се случуваат, особено ако дома имате мали деца.
Постои одлично решение за елиминирање на дамките и непријатните мириси од душекот, со помош на неколку состојки кои веќе ги имате при рака.
Потребни состојки:
250 мл 3% хидроген
3 супени лажици сода бикарбона
1 капка течен сапун или средство за миење садови
Постапка:
Смесата е потребно да се приготви непосредно пред самото чистење, што значи дека не можете да правите залихи. Само кога ќе се приготви е максимално ефикасна.
Измешајте го хидрогенот и сода бикарбоната. Кога ќе се раствори содата, додадете 1-2 капки течен сапун или средство за миење садови.
Промешајте. Течноста префрлете ја во шише со распрскувач. протресете го шишето и испрскајте врз валканата површина.
Активната пена оставете ја да делува. Почекајте да се исуши или користете фен за да го забрзате процесот. на крај само исчеткајте со сува четка или искористете правосмукалка за да ги соберете остатоците.
На сличен начин можете да отстраните и дамки од облека.
2.Паста за чистење на загорени маснотии од садовите
Загорените маснотии на садовите е неизбежна појава и нејзиното отстранување, па дури и со помош на скапи средства, не е секога лесно.
Меѓутоа, постои еден проверен рецепт за вакви случаи. Само две состојки се потребни за приготвување на паста-чудото: хидроген и сода бикарбона.
Рецептот е многу едноставен. Бидејќи се’ што е генијално, Всушност е многу едноставно и достапно, на дофат. рецептот за пастата прочитајте го ОВДЕ.
3.Како одлично средство за нега на петите
Како прво, ваквата нега не е скапа, а како второ многу е ефикасана – стапалата стануваат мазни и нежни, исчезнуваат задебелувањата. Правете ја следнава процедура 1-2 пати седмично и резултатот, во вид на нежни и негувани стапала ќе ве израдува.
Во помал леѓен ставете 1 ½ литар топла вода. Додадете 4 супени лажици 3%-хидроген. Киснете ги стапалата околу 10-15 минути.
Ако стапалата се многу запуштени, оставете ги да се киснат подолго. Сами ќе го почувствувате ефектот кога стапалата ќе ги протриете едно од друго – а тие ќе “чкрипат” од чистота.
Потоа истријте ги со камен или турпија за пети.
Откако ќе завршите со тоа, исушете ги стапалата и намачкајте ги со следнава смеса: 3 супени лажици глицерин и 1 кафена лажичка оцет.
Оваа смеса можете да ја користите секојдневно за нега на стапалата.
Оваа постапка најдобро е да се прави навечер, пред спиење, 1-2 пати седмично.Се смета дека човековите уши – се орган кој сам се чисти.
4.Како да се исперат затнати уши
Се смета дека човековите уши се орган кој самиот се чисти и тоа за време на џвакањето, кивањето, кашлањето, односно, при секои вакви мали и ненадејни движења, наслагите од маст (ушна кал) самите се елиминираат.
Но, понекогаш се случува, овие наслаги кои се акумулирале во ушниот канал да се претворат во „чепови“ па тогаш ушите се затнуваат.
Во такви случаи неопходно е да се направи процедура – испирање на ушите. Тоа е најдобро да го направите на лекар, но исто така, следнава постапка може ви помогне, а се прави во домашни услови.
5.Жолти дамки на облеката
Многумина од нас цел живот се обидуваме да пронајдеме некое универзално средство за отстранување на дамки од облеката, без да знаеме дека истото можеме да го направиме со сопствени раце во домашни услови.
Овој домашен препарат ги отстранува дамките од различно потекло и може да им конкурира и на најскапите купечки средства со иста намена.
Но што е најважно, без хемикалии кои би можеле да предизвикаат алергиски реакции.
Рецептот е многу едноставен, бидејќи се’ што е генијално, често е на дофат раце.
За приготвување на овој домашен отстранувач на дамки, ви се потребни само три состојки: вода, сода бикарбона и хидроген 3%. Целата постапка прочитајте ја ОВДЕ.
6.Против несакани влакненца на лицето
Уште многу одамна, Клеопатра користела депилација со восок за отстранување на несаканите влакненца од лицето. Многумина и денес се’ уште се во потрага по најбезболниот и најефикасниот начин за отстранување на влакненцата.
Во последно време се поголем број жени користат хидроген пероксид за да се ослободат од несаканите влакненца од лицето и телото.
На многумина им е познато дека хидрогенот не само што има својство да осветлува, туку делува и како одличен „депилатор“ за елиминирање на влакненцата.