Нашата драга Светлана Карапетровска ни го приготви овој превкусен колач, кој одлично одговара после попладневното кафенце. Рецептот го објави во нашата група НМД рецепти.
Фото и рецепт: Светлана Карапетровска
Потребни состојки:
1 пакување розен кори
1 литар млеко
200 г шеќер
120 г густин
250 г путер или маргарин
1 бело чоколадо за готвење
200 г кокос
за глазура:
100 г бело чоколадо
4 лажици масло
Постапка:
Од вкупното млеко се одзема 200 мл за да се раствори густинот, а остатокот заедно со шеќерот се става на оган да зоврие. Потоа се вари како пудинг, со додавање на густинот и постојано мешање додека да се добие потребната густина.
Се трга на страна и додека е врело се додава путерот и чоколадото за да се растопат и соединат со кремот. На крај се додава и кокосот.
Со млакиот фил се филуваат корите. Одозгора се прелива со глазура.
За глазура: 100 г бело чоколадо се растопува на тивок оган или на пареа со 4 лажици масло, па топло се прелива врз последната розен кора која не се филува.
Фото и рецепт: Светлана Карапетровска