Фото и рецепт: Сефка Ракиќ
Секогаш кога треба нешто набрзина да приготвам или ни се пријало благо, приготвувам некој колач од состојки кои речиси секогаш ги имаме во кујна.
Колачот е многу вкусен, овојпат ставив рогач затоа што ми остана од претходниот рецепт, а вие ако немате, не мора да го ставите. Со која ќе започнете да мерите, со таа продолжете да ги мерите сите состојки, независно од величината.
Потребни состојки:
3 јајца
1 шолја шеќер
1 шолја масло
1 лимон –сок
2 лажици рогач – не мора
3 шолји рендано јаболко
3 шолји брашно
1 прашок за печиво
за крем:
500 мл млеко
3 лажици брашно
3 лажици шеќер или по вкус
100 г кокосово брашно
1 лажица какао – за втората половина
Постапка:
Изматете три јајца со шолја шеќер, па потоа додадете масло, сок од еден лимон, 2 лажици рогач (не мора), три шолји рендано јаболко и три шолји брашно помешано со прашок за печиво.
Крем: одземете малку од млекото и во него разматете три лажици брашно, а остатокот со шеќер по вкус (3-4 лажици) ставете на оган да зоврие. Сварете го кремот исто како пудинг, со постојано мешање, а кога ќе згусне додадете до кокосот.
Тестото преполовете го, па првата половина печете ја 10 минути во загреана рерна на 180 степени , во среден плех претходно намастен и набрашнет, па прелијте го со филот и на лрај со остатокот од тестото во кое сте додале какао.
Заедно печете уште околу 40 минути. Кога добро ќе излади колачот исечете го. Многу е вкусен.
Фото и рецепт: Сефка Ракиќ