Фото и рецепт: Моника Мишкиќ – Најубавите и нејмеките кифлички кои мора да ги пробате. одлични се за појадок или вечера, а меки остануваат и свежи следниот ден, како тогаш да сте ги направиле.

Потребни состојки:

1 коцка квасец + малку млеко + 1 лажица шеќер + малку брашно, 1 кг брашно, 1 лажица сол, 2 лажици шеќер, 200 мл масло, 3 јајца и 550 мл млеко.

Постапка:

Во малку млако млеко растопете го квасецот заедно со малку шеќер и една или две лажици брашно, промешајте добро додека да се растворат состојките и да нема грутчиња, па оставете ја смесата 10-тина минути на топло за да се активира квасецот.

Во еден килограм брашно направете вдлабнување во средината како бунар, додадете лажица сол, две лажици шеќер, 200 мл масло, 3 јајца, активираниот квасец и топло млеко по потреба (мене ми беше доволно 550 мл).

Се замесува убаво мазно тесто и се остава еден час на топло да се удвои. Кога тестото ќе стаса, направете неколку топчиња (јас направив 10), па секое со оглагија развлечете го во тркалезна кора.

Секоја кора сечете ја на 8 триаголници, а на поширокиот дел филувајте ги по желба. Откако ќе ставите фил (сирење, кашкавал, саламче …) виткајте ги кифлите, а за да бидат во облик на “гасеница” малку засечете ја кората со неколку лентички.

Кифличките редете ги во тепсија, покријте ги со чиста крпа и оставете ги барем 15 минути уште малку да нараснат. Пред печење премачкајте ги со изматена жолчка и наросете ги со сусам. Печете ги на 180-150 степени, во зависност од вашата рерна, додека убаво да заруменат.

Фото и рецепт: Моника Мишкиќ