Еден од најпознатите корисни зеленчуци во светот, лукот, изобилува со лековити својства, а особено е добар за здравјето на срцето.
Дополнително, претставува ефикасно средство против настинки, кашлица, главоболка, болки во стомакот, синуси, гихт, ревматизам, хемороиди, астма, бронхитис, краток здив, висок крвен притисок и нормализирање на шеќерот во крвта. Во прилог на ова, лукот исто така е познат по своите антиканцерогени својства.
Но, дали го знаете потеклото на лукот што го консумирате?
За жал, одговорот е веројатно – потекло од Кина.
Потребно е да ја знаете следната информација:
Кина произведува лук во количина над 20 милиони тони годишно, што е околу 81% од вкупното светско производство.
Ова е една од главните причини за загриженост на Хенри Бел, извршен офицер на Здружението на Австралиската индустрија за лук, бидејќи Кина го прска лукот со токсични инсектициди и користи избелувачи за да го подобри изгледот на овој зеленчук како би изгледал свежо и привлечно.
Во едно интервју со Дејвид Сатерленд, Бел објаснува дека “… некои производители на лук употребуваат канализациски отпад за да ја оплодат плочвата за нивните култури. Јас, исто така, ја оспорувам ефективноста на процесот за дезинсекција и употребата на метил бромид кој се користи во Кина.“
Според Бел, лошиот квалитет на лукот ќе го дознаете според неговата свежина.
“Без разлика дали сте во потрага по вкус и арома или дали сте во потрага по научни бенефити … клучот е свежината. И доколку купувате увезен лук, треба да знаете дека истиот е најверојатно лански производ.“
Најдобриот начин да се заштитите себеси е да ги поддржувате локалните производители и да купувате домашен, свеж производ.
Значи, за да бидете сигурни, следниот пат кога ќе купувате лук, задолжително проверете ја етикетата и прашајте за неговото потекло. Ако е увезен од странство, бидете сигурни дека нема да купите свеж и здрав лук.