Смесата се нанесува како облога врз варикозните вени и се остава да делува со што го смирува воспалението.
Потребни состојки:
½ шолја алое вера пулпа (гел од внатрешноста на листот)
½ шолја рендан морков
домашна јаболкова киселина
Постапка:
Исечкајте го морковот и ставете го во блендер или изрендајте го на најситното ренде. Додадете алое вера и миксајде додека да добиете хомогена смеса. Потоа додадете малку јаболкова киселина колку малку да се разреди, но да не биде течно. Треба да се добие кремаста структура.
Употреба:
Смесата нанесете ја на листовите од ногата каде имате проширени вени, фиксирајте лабаво со некој завој и проѕирна фолија, или едноставно легнете на стомак додека смесата делува околу половина час. Ако можете издржете и подолго.
Потоа исплакнете со ладна вода.