Многу вкусни полжав-печива, меки како душа. Потребни состојки: 475 г бело брашно, 50 г пченкарно брашно, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, 50 г путер, 1 жолчка, 330 мл топло млеко и 1 сув квасец. За фил: 2 лажици сенф (може и сончоглед во зрно), 6-8 тенко сечена шунка, 4 лажици рендан кашкавал и 1 жолчка за премачкуавње одозгора
Постапка: Од топлото млеко малку издвојте, додадете шеќер и малку брашно, па замешајте го сувиот квасец и оставете го да се активира. Во останатото топло млеко ставете го путерот исечен на листови за да може да се растопи. Додавајте го белото (450 г) и пченкарното брашно, додадете разматена жолчка, сол, топло млеко со путер и активиран квасец.
Мешајте со лажица додека може, а потоа префрлете на работна површина и месете со раце, додавајќи уште 25 г брашно или околу 2 лажици кои претходно сте ги одвоиле. Тестото многу брзо станува мазно и не се лепи за раце. Напомена: наместо жолчката која оди во тестото, пробав со две лажици маслиново масло и излезе одлично и така. Па кој не сака жолчка може масло да стави.
Тестото оставете го во чист сад наросен со брашно, прекријте го со крпа и оставете го 60 минути да стасува и да се удвои на топл. Потоа лесно премесете го, поделете го на два дела, а секој дел развлечете го во кора со дебелина од половина цм, со димензии 30х40 см.
Кората премачкајте ја со лажица сенф, наросете сончогледови семки, па наредете листови шунка, рендан кашкавал, па свиткајте во ролат и сечете тркалца со дебелина од 2,5 см. Од секој дел ќе добиете 16 полжави. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење, прекријте ги со проѕирна фолија и оставете ги да стасуваат 5-10 минути.
Загрејте ја рерната на 180 степени, премачкајте ги полжавите со жолчка претходно разматена со малку млеко и сол. Печете околу 20 минути, но внимавајте да не ги препечете за да не се пресушат. Пред крајот, на секое полжавче можете да му ставите по една лажица млеко одозгора и да ги вратите во рерна уште 5 минути.