Фотографија и рецепт на Аида Мелкиќ Хасиќ. Потребни состојки: 3 јајца, 3 мали шолји за кафе млеко, 3 мали шолји масло, 4,5 мали шолји брашно, 1 прашок за печиво, 3 мали шолји палента, 3 мали шолји кајмак (или путер ако немате), малку фета сирење по желба и 1 лажица сол или по вкус
Постапка: Фета сирењето изгмечете го со виљушка и посолете го по вкус. Јајцата изматете ги и додадете ги сите течни состојки. Потоа додадете го сирењето, палентата, прашокот за печиво, кајмакот, а брашното додавајте го постепено по потреба додека да добиете тесто кое фино се одвојува од ѕидот на садот и не се лепи на рацете.
Тестото префрлете го во намастена тепсија и малку премачкајте ја со млак јогурт пред печењето. Ставете да се пече на почеток на 250 степени, па кога ќе добие убава боја намалете на 200 или 180. Ставете малку хартија одозгора или фолија, па намалете уште малку за да се истишти.
Кога пројарата е печена, извадете ја од рерна и испрскајте ја со малку вода. Јас ја премачкав со кајмак, остана малку на површината ама ништо не пречи. Вака е уште повкусна.
Погача со палента (Фотографија и рецепт на Аида Мелкиќ Хасиќ)