Фото и рецепт: Ивана Динуловиќ
Вкусот на филот за овој ролат можете да го менувате по свој вкус, може да ставите ајвар, сирен намаз и да додадете зачини по желба.
Потребни состојки:
6 јајца
300 г дробено сирење, може и фета сирење
200 мл јогурт
1 лажица масло
1 лажичка сол
6 лажици брашно полни до врв
1 прашок за печиво
150 г солени стапчиња со кикирики
1 чаша кисела павлака (180 г)
2-3 лажици мајонез
Постапка:
Одвојте ги жолчките, па во нив додадете 1 лажица масло, сол, една чаша јогурт и 6 преполни до врв лажици масло. Матете со жица за матење, па додадете прашок за печење и уште еднаш изматете.
Белките изматете ги во цврст снег и со лажица додадете го во изматените жолчки. Внимателно промешајте за да се изедначи смесата а сепак да остане воздушеста. Добиената смеса испечете ја во загреана рерна во намастен плех со средна величина и обложен со хартија на 200 степени.
Печената кора свиткајте ја во памучна крпа и така оставте ја да излади. Потоа премачкајте ја со фил добиен од измешано сирење, павлака и мајонез. Наредете солени стапчиња едно до друго, преку целата површина на кората. Свиткајте го ролатот, па премачкајте со остатокот од филот.
Одозгора наросете со пржен сусам или мелени кикирики, мене најубаво ми е со сусам. Ролатот се остава еден ден во фрижидер убаво да омекне, па потоа се сече.
Солен ролат (Фото и рецепт: Ивана Динуловиќ)
Сите детали околу подготовката можете да ги погледнете во видеото: