Праската е едно од омилените летни овошја која ретко се спомнува по нејзините лековити својства и бенефитите по нашето здравје.

Праската е одличен чистач на цревата, ја помага дигестијата, отстранува отоци, помага при анемија… но има и болни луѓе на кои никако не им се препорачува, а тоа се дијабетичарите.

Праската е богата со шеќер, бета каротен, белковини, витамини А, Б, Ц и железо. Поради големата количина на диетални влакна добра е за дигестијата и одлична за чистење на цревата. На овој начин организмот подобро и полесно се ослободува од наталожените токсини.

Изобилува со антиоксиданти, што ја прави одличен заштитник од многу карциноми.

Односот на калиум и натриум во праската е 7:1, па затоа им се препорачува на луѓе кои имаат проблем со отекување, анемија, цревни заболувања и жолчна кеса.

Сокот од праски им се препорачува на болни со срцева аритмија и чувствителен нервен систем.

Единствено, праската не смеат да ја консумираат дијабетичарите поради високиот процент на шеќер што го содржат.

ЧАЈ ОД ПРАСКА: ЗА ЦРН ДРОБ, ЖЕЛУДНИК И БЕЛИ ДРОБОВИ

30 грама цвет од праска се прелива со 500 мл зовриена вода или млеко. После 15 минути поклопено, се процедува и се пие трипати на ден по една шолја.

ЗА ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК И ЧИСТЕЊЕ НА БУБРЕЗИ

30 грама лист од праска и 30 г цвет од праска се прелива со еден литар зовриена вода. После 15 минути поклопено, се процедува и се пие во текот на денот наместо вода.

ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА

Нечистотијата од лицето се отстранува со бадемово масло, а потоа се става маска од свежи зрели плодови од праска. После 20 минути се мие лицето со млак чај од цветови од праска. После неколку вакви третмани кожата станува листа и мазна.

ПРОТВ МАЧНИНА И ПОВРАКАЊЕ ВО БРЕМЕНОСТ:

Чајот се приготвува навечер: 50 грама сув лист од праска се прелива со 500 мл зовриена вода, се поклопува и се остава додека да излади. Се процедува и се складира во фрижидер преку ноќ. Наутро се загрева малку и се пие на празен желудник. Доколку има потреба се пие на секои два часа.