Проблемот со маснотии во делот на и околу стомакот ги измачува речиси 90 проценти од луѓето, особено жените чија дополнителна мака е пост поридилното враќање на телото во форма која некогаш ја имало.
Безбројните диети кои се појавуваат и луѓето ги држат во надеж дека ќе си помогнат, го решаваат проблемот само краткотрајно, но и парцијално.
Имено, при секоја диета, најпрво, почнуваат да се топат мускулите.
Па така, доколку оние што биле на диета, а притоа немале физичка активност, најчесто ослабуваат неколку килограми, но салото на стомакот и целулитот остануваат. Изгледот на телото може да биде уште полош.
Салото околу стомакот, може да значи или да алудира и на зголемено ниво на холестерол во крвта, триглицериди и замастен црн дроб.
Следниот рецепт припаѓа на оние од народната медицина и вреди да се проба:
Потребни состојки:
100 грама суви сливи
1 литар вода
ПОСТАПКА:
Рецепти со суви сливи сигурно сте слушнале многу, но ова е нешто поразлично.
Зошто? Затоа што, пред да ги изблендирате сливите, треба да ги ставите во тегла со вода и 7 дена да стојат во фрижидер.
Потоа ги блендирате и пиете по две чаши сок (околу 500 милилитри) наутро.
Она што е сигурно е тоа дека овој напиток ќе ја подобри вашата перистралтика, а успешното празнење значи здравје за организмот.
Оние кои го консумирале овој напиток, велат дека во комбинација со вежбање, им помогнал да го намалат салото околу стомакот.