Ајдучка трева е билка која целата е лековита. Содржи етерични масла, флавоноиди, витамин К, горчлива материја ахилеин, смола, стереоли, танини и друго.
Најмногу се применува за женски болести, разни видови болки, мигрена, мачнини, болести на очите, крвавење од нос. Ајдучката трева директно делува врз коскената срцевина и поттикнува создавање на црвени крвни зрнца. Помага при крвавења и хемороиди, болки во желудник, против тромбови, против разни видови бактерии како стафилококи, ешерихија, габични инфекции од кандида и слично.
ЧАЈ – за болки во желудник, а корисно делува и лекува испукани раце, ранички на брадавици кај мајки што дојат, кожни осипи.
Една полна мала лажица се попарува со 250 мл врела вода. Се остава 10 минути поклопено, по што се процедува. Не треба да се пијат повеќе од две шолји дневно.
За испукани раце: две лажици лист и цвет од ајдучка треба варете ги три минути во 300 мл вода. Со топлиот чај измијте ги оштетените делови.
ТИНКТУРА – најмногу се користи за проблеми со дигестивен систем и проблеми со варењето
Се берат цветови од ајдучка трева на сончево време, се полни тегла или шише до врвот и се прелива со житна ракија или овошна ракија со јачина од 38-40%. Се остава на топло 2-3 седмици по што се процедува. Се пие по една супена лажица наутро и навечер.
МАСТ за хемороиди, рецепт 1
Се загреваат 90 грама путер несолен или свинска маст, па се додава 15 грама свежи иситнет цвет од ајдучка треба и 15 грама ситно исечкан листови од малина. Се остава да зоврие и по 2-3 клуча се промешува и се трга на страна. Следниот ден повторно се загрева на тивко колку да се растопи, се процедува и се складира во соодветни садови. Се чува во фрижидер.
Бања за седење при хемороиди: 100 г ајдучка трева (цела билка) преку ноќ се остава во ладна вода, а следниот ден се загрева додека да зоврие. Се остава да излади и се користи како ладна седечка бања или се додава во водата за бањање
МАСТ за хемороиди, рецепт 2
Еднаква количина ајдучка трева и машки тегавец, околу 50 грама од секоја билка се меша со 500 г свинска маст. Се вари на тивко 10 минути и се остава да излади преку цела ноќ. Следниот ден повторно загрејте за да се растопи, процедете и складирајте во соодветни садови. Маста се чува на ладно и темно место.
Со маста се мачкаат надворешни хемороиди, повеќе пати во денот, а за внатрешни се прават чепови во калапчиња кои потоа се замрзнуваат.