Можеби ќе ви звучи необично овој предлог, но имајќи во предвид дека се најавуваат тропски горештини, најмалку што можете да направите за животната околина и за својата иднина – е да оставите една супена лажица со шеќер во вашиот двор или градина.
Голем број луѓе не ги сакаат пчелите зошто ги сметаат за досадни. Но факте е, дека овие „досадни“ инсекти постепено исчезнуваат. Не станува збор само за медоносните пчели од кои најмногу имаме директна корист, туку говориме за општата популација на опрашувачи.
Многу е важно да не го дозволиме тоа, бидејќи пчелите исхрануваат 90% од светската популација. Всушност, доколку исчезнат пчелите како главни опрашувачи, не би можеле да живееме уште долго. Ентомолозите ширум светот веќе се многу загрижени поради наглиот пад на бројот на инсектите во изминативе години, а причината за тоа се наоѓа во се позачестеното користење на пестицити, хербициди и гмо.
Не е неопходно да бидете жесток бранител на природата, доволно е само да ја почитувате животната средина околу вас. За среќа, постои еден изненадувачки едноставен начин за да и се помогне на нашата планета и кој секој од нас може да го спроведе.
Како што се вели кај народот: „Никој не може да стори се’, но секој може да стори нешто“. Ние сме одговорни за зачувување на нашиот прекрасен свет и како таков да им го оставиме на нашето потомство.
92-годишниот сер Дејвид Атенборо го посвети сиот свој живот на заштита на правата на животните, заштита на животната средина и заштита на природата.
Овој британски зоолог кој исто така, е и писател, на најпоснат низ целиот свет како телевизиски презентер – сигурно ќе го препознаете ако го погледнете неговото лице.
Оваа жива легенда, сер Дејвид Атенборо, со целата јавност сподели едно важно предупредување, кој секој треба да го слушне.
„Ако пчелите исчезнат од лицето на Земјата, луѓето би можеле да живеат уште само 4 години после тоа“ – напиша тој на својата Фејсбук страница.
Дејвид Атенборо, се рабира не е првиот човек кој го споделил ова сериозно предупредување, но неговата објава не потсетува дека овој проблем е навистина сериозен и дека треба да го сфатиме сериозно.
Можеби пчелите изгледаат мали и незначителни, сепак тие завршуваат многу важна задача – околу третина од сите производи што ги консумираме ги опрашуваат овие инсекти.
„Последните 5 години популацијата на пчелите се намали за една третина“ – пишува Дејвид Атенборо. Но, ситуацијата не е безнадежна. Постои едно едноставно решение – оваа алтка со која и помагаме на природата – брзо се здоби со популарност на Интернет.
Дејвид Атенборо дава едноставен совет кој сите би требало да го применат: измешајте шеќер и вода, а добиениот сируп ставете го во лажица и оставете го вашиот двор, на тераса или во вашата градина. Можеби на овој многу едноставен начин сите ќе помогнеме да се спаси човештвото!
Дејвид Атенборо го напиша следното:
„Во овој период од годината, пчелите честопати изгледаат полумртво или умрено, но тоа не е така. Тие се само многу уморни и едноставно немаат доволно енергија да се вратат во кошницата, по што навистина умираат.
-Ако на исцрпената пчела и дадете шеќерен сируп, со тоа ќе и помогнете да си ја поврати силата.
„Измешајте две лажици шеќер со една лажица вода и веднаш ставете го сирупот покрај пчелата. Исто така, многу ќе придонесете доколку ја споделите оваа статија со вашите пријатели и со тоа да ја подигнете свеста за проблемот.“
Втор начин со кој можете да им помогнете на пчелите а со тоа и на човештвото: засадете цвеќиња и разни медоносни билки кои ги сакаат пчелите – тие многу ќе ви благодарат!
Ви благодариме – тимот на НМД.мк