Јогурт диетата се нарекува уште и диета за вработени, бидејќи е многу лесно да се држи и секогаш дава ефект. Се појадува и вечера дома, а ручекот и ужината ги носите со вас на работа.

Доколку сакате за многу краток период да ги отстраните масните наслаги и да го исчистите организмот, утринскиот напиток ќе ви стане најважната состојка со која ќе ги приготвувате вкусните јадења во текот на денот.

Доколку јогуртот е еден од вашите омилени пијалаци, тогаш ние го имаме совршеното решение за вашиот проблем.

Јогурт-диетата трае само три дена, а освен што ќе ги истопите масните наслаги, организмот ќе се ослободи од сите наталожени штетни материи!

Постои голема и мала јогурт диета. Првата, голема трае седум дена, а ние денес ви ја претставуваме само малата од три дена.

Ако не сте задоволни со резултатот, односно сакате уште да ослабете, јогурт диетата можете да ја повторите по само пет дена.

Оваа диета е одличен избор ако немате проблем со голем број килограми, бидејќи внесувате сè што му е потребно на вашиот организам, ќе бидете полни со енергија, а ќе изгубите вишок килограми.

На сите ни е познато дека јогуртот е добар за дигестија и здравјето на дигестивниот тракт. Тој овозможува здрава перисталтика на цревата и брзо варење на храната благодарение на калциум-лактатот кој го содржи.

Исто така, јогуртот е добар за детоксикација на телото од сите штетни материи.

Дејството на оваа диета се базира на својството на пробиотичниот јогурт да го стимулира здравјето на цревната флора што резултира со подобро варење, елиминација на токсини и слабеење.

Комбинациите со јогуртот не се избрани случајно! Напротив, секоја состојка има своја функција во диетата, и затоа е многу важно придржувањето до точниот редослед.

ПРВ ДЕН

Појадок: наутро изедете овошен или обичен немасен јогурт со снегулки по желба.

Ручек: на маслиново масло продинстајте зеленчук и на крајот помешајте го со претходно сварен ориз. Освен сол и црн пипер, не смеете да додавате други зачини.

Десерт: овошен јогурт.

Вечера: Пред спиење ќе ве засити салата со шунка и морков. Значи, изрендајте еден морков, едно јаболко и 50 г шунка, и сето пропржете го со малку маслиново масло. На крај, се’ измешајте со немасен јогурт.

ВТОР ДЕН:

Појадок: За салата од краставички ви се потребни јогурт и краставица која ќе ја исечкате на мали коцки и на крајот ќе ги помешате.

Ручек: Посолете и запиперете малку мисиркино месо исечкано на коцки, па испечете го на маслиново масло. Додадете исечкани печурки, една пиперка и еден домат. Кога зеленчукот ќе смекне, додадете јогурт.

Вечера: две чаши јогурт помешајте со неколку бобинки шумско овошје.

ТРЕТ ДЕН:

Појадок: Со јогурт измешајте сирење, исечкано јаболко и малку цимет, па на крај малку посолете и запиперите.

Ручек: Испечете 150 г филе од ослич, а како прилог направете салата од јогурт, исечкана краставица и малку сенф.

Вечера: Сварете 100 г тестенини, додадете исечкана пиперка и варено јајце. Сето заедно измешајте со јогурт.