Една дама која по професија е физиотерапевт, понуди супер алтернатива за тешките вежби кои би требало да ни ги зацврстат абдоминалните мускули. Според нејзиниот начин, потребно е само едно јаже или лента.
„Ким Кардашијан која по неколку часови на ден носи корсет за да има тенка половина, непотребно се измачува и здравјето го доведува во ризик“ – вели Семи Марго, чиј трик со конопот стана апсолутен хит.
Оваа жена која по професија е физиотерапевт, тврди дека ако врзете јаже околу стомакот, почесто ќе го стегате стомакот, а со тоа стомачните мускули ќе прават контракции и на тој начин ќе постигнете ефект како да сте вежбале, па со текот на времето ќе ги зацврстите мускулите.
-Ние физиотерапевтите сме загрижени поради постоењето на голем број физички неактивни луѓе. Одењето на тренинг 2-3 пати седмично за некои е „научна фантастика“, па мора да пронајдеме начин како да вметнеме некои вежби во секојдневието – вели Семи Марго.
Јажето или лентата врзете ја цврсто за да има ефект. Прво вовлечете го стомакот колку што можете, а потоа релаксирајте ја контракцијата за 50% за да пронајдете идеална позиција за јазелот на јажето.
Од оваа техника, како што тврди Семи, ќе добиете рамен стомак и посилни стомачни мускули, па дури ќе ви се подобри постурата, општото држење на телото.
Сепак, Марго истакнува дека методот со јажето не може да биде замена за тренинг. Најдобро би било да се искомбинираат вежбите со носење на врзано јаже. Многу е слично со јапонскиот метод за брзо симнување на салото од стомакот со лежење на грб.