Прво, треба да знаете дека постојат многу нешта кои може да предизвикаат проблеми со дишните органи, како што се: алергии, астма, штетни микроорганизми, па дури и вдишување на различни загадувачи.
Најчестите симптоми и знаци кои предупредуваат на респираторни проблеми се: застој во градите, отежнато дишење и иритирани назални патишта итн. Ако сте ги искусиле овие знаци на предупредување, познато ви е колку тие можат да бидат вознемирувачки.
Затоа, треба да знаете дека овој моќен и неверојатен зачин – ориганото, е моќна алатка која може многу да помогне за здравјето на белите дробови.
Ефикасно, сигурно и безбедно, органското оригано е природно богато со карвакрол, флавоноиди и терпени; од кои сите се природни деконгестиви и антихистаминици.
Постапка за приготвување на чај од оригано:
Чајот можете да го приготвите од свежи или суви листови од оригано (од Билна аптека или продавница за здрава храна, или уште подобро, ако си го одгледувате дома).
Потребни состојки:
1 ½ лажичка оригано
1-2 лажици мед
1 шолја вода
Постапка:
Нека зоврие водата па прелијте го ориганото и добро промешајте.
Оставете да отстои околу 5 минути поклопено, процедете и кога малку ќе излади засладете со мед.
Освен што го јакне имунитетот, ориганото го подига нивото на енергија, штити од дијабетес, ги јакне коските, поттикнува детоксикација на организмот и го чува здравјето на срцето.
Еве кои својства ги има чајот од ориганото:
-има антиканцерогени својства
-ја ублажува кашлицата, астмата и грипот
-делува како природен аналгетик
Зошто Оригано?
Што ја предизвикува назалната конгестија? Кога поленот, прашината, мувлата, хемикалиите, габичките и бактериите ќе започнат со освојување на вашето тело, се ослободува една хемикалија наречена хистамин.
Оваа хемикалија обично предизвикува реакција слична на алергиските реакции – назална конгестија, зголемено производство на мукоза и кивање. Некои од билките содржат соединенија кои може да го намалат хистаминот, а најдобра меѓу нив, за намалување на ваквите реакции е – ориганото.
Ориганото исто така содржи росмаринична киселина. Според една неодамнешна студија, истражувачите откриле дека росмариничната киселина ги намалува израстоците, па дури и отоците во текот на алергискиот напад, со што ова растение го прави природен хистамин-редуктор.
Ориганото ја намалува кашлицата и го подобрува вашето здравје
Една неодамнешна студија, спроведена од група истражувачи во Одделот за ОРЛ во Израел, Институтот за медицински Центар за технологија, откриле терапевтски потенцијал на различни ароматични билки, вклучително и кај ориганото.
Медицинските експерти откриле дека оваа билка има директно, позитивно дејство врз респираторниот тракт. Меѓутоа, мора да се спомене дека ориганото исто така, содржи и големи количини на други здрави хранливи материи, како што се: калциум, магнезиум, цинк, железо, калиум, витамини А и Ц, и ниацин.
Иако овие здрави хранливи материи и витамини не влијаат директно врз горните респираторни проблеми, сите тие поволно делуваат врз сите останати системи во телото, вклучувајќи го и имунолошкиот систем.
Соодветна доза на витамини и минерали е од најголемо значење за одржување на здравото тело кое може да се избори со надворешни проблеми, па и со горните респираторни проблеми, пред тие да започнат. Како треба да се користи ориганото:
Постојат многу различни начини на кои можете да ја употребите оваа неверојатна билка:
-Можете да го консумирате ориганото како билка во кулинарски намени, тинктура, чај или есенцијално масло.
-Може да се консумира разредено масло од оригано за побрзо закрепнување во време на болест.
-Измешајте масло од оригано со малку кокосово масло и користете го за лекување на инфекции на кожата.
-Може да се консумира разредено масло од оригано како помош при алергии.
-Маслото од оригано може да се разреди во маслиново масло и да се нанесува при болки во мускулите и зглобовите.
-Можете исто така да го комбинирате со други сушени билки како босилек, рузмарин и мајчина душица. Од оваа мешавина можете да направите прекрасен инхалатор за намалување на кашлицата
-Разреденото масло од оригано може да се користи за лекување на габични инфекции.
-Маслото од оригано е исто така многу ефикасно за отстранување на брадавици, кога се користи разредено на кожата.
Овој неверојатен и моќен зачин е многу вкусна билка која често се користи во различни кујни: италијански, грчки и шпански. Се користи во различни варива, за зачинување на месо, јајца, јадења од домати и сл.