Палачинките се сигурно омилен десерт на многумина, но ова е една друга нивна верзија која може целосно да замени еден од главните оброци.
Потребни состојки:
150 г фета сирење
200 г павлака
1 јајце
8 поголеми палачинки
1 прстофат сол
За прелив:
1 јајце
200 мл јогурт
50 мл вода
Неколку лажици масло
Постапка:
Вклучете ја рерната на 220 степени. Фета сирењето ставете го во еден подлабок сад и испасирајте го со виљушка. Додадете павлака, јајце, сол и се’ убаво соединете.
Ставете по една полна лажица од смесата врз секоја палачинка. Преклопете ја палачинката на 3 дела хоризонтално, а потоа страните преклопете ги кон внатре и ќе добиете квадрат. Вака здиплените палачинки наредете ги намастен плех.
Направете го преливот во истиот сад во кој го направивте филот за палачинки.
Измешајте ги сите состојки за прелив и прелијте ги палачинките.
Ставете да се печат во загреана рерна на 200-220 степени околу 20 минути додека да заруменат.