Толчникот е познат плевел кој расте во градините. Но, она што повеќето луѓе не го знаат, е дека тој фантастичен антиоксиданс и дека неговата консумација може да ја подобри циркулацијата…
Толчникот (Portulaca oleracea) е богат со омега-3 масни киселини, соединенија кои главно се наоѓаат во рибините масла. Омега-3 киселините го јакнат имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем.
Толчникот има и противвоспалителни својства, ја подобрува циркулацијата и спречува создавање на тромби.
Богат е со антиоксиданти кои штитат од рак и од штетното дејство на слободните радикали, а го успорува и стареењето. Толчникот може да помогне во регулирање на нивото на холестерол во крвта.
Бидејќи ја релаксира мазната мускулатура, делува и врз намалување на крвниот притисок.
Слузта од оваа билка ги смирува инфекциите и воспаленијата во цревата, како и инфекциите во уринарниот тракт. Се препорачува против ждригавица, гастритис, но и кај опстипација.
Екстракт од суви листови и стебленца делува противвоспалително и како средство против болки.
Однадвор може да се користи за лекување на грчеви во мускули. Во исхраната се користат млади сочни листови и млади гранчиња со должина од три до пет центиметри.
Набраните гранчиња треба да се одвојат од тврдите стебленца и ливчињата да се додаваат во салати, супи, варива или во тесто за палачинки.
Се вари најдолго до 15 минути и притоа ослободува слуз која малку ги згуснува супите и им дава кремаст изглед.
Погоден е за киселење. Ова е рецепт на Марина Лучан за подготвување на зимница од толчник:
„Од толчникот се отстрануваат дебелите стебленца, се мие и се остава добро да се исцеди. Потоа се реди во тегли, се притиска што повеќе да собере, па му се додава копар и црн пипер во зрно.
Се зоврива вода, оцет и сол (количини ставете кој како сака, според вкус), па со врелата течност дополнувајте ги тегличките. Добро затворајте ги и пастеризирајте ги во рерна околу 30 минути.“
Толчникот не би требало да се консумира во големи количини, бидејќи содржи оксална киселина која ги оптеретува бубрезите.
Оваа билка расте обилно како плевел во градините и како самоника билка покрај реки, потоци, канали и покрај шуми. Сака сончево тло и песоклива, добро дренирана почва.
Отпорен е на високи и ниски температури, на суша, а успева и на многу лоша земја. Многу брзо расте и веќе после три до четири седмици може да се бере. Колку повеќе го берете, толку повеќе се згуснува и расте.
За да приготвите чај, една лажичка толчник ставете во шолја зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Ако го пиете за болести на белите дробови, тогаш засладете го со мед, а во други случаи се пие незасладен.
Во следното видео можете да погледнете како се приготвува салата од толчник: