Фото и рецепт: Верица Трајкоска

За тепсија бр.38-40.

Потребни состојки:

500 г брашно +-
1 свеж квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
млака вода по потреба

Фил:

Ситно сирење и зелје

Постапка:

Во малку млака вода се става една лажичка шеќер и малку брашно, па се дроби квасецот и убаво се промешува за да се растопи и се остава на топло 10-тина минути да се активира.

Во брашното се додава малку сол, се прави вдлабнување во средината во која се истура стасаниот квасец, па со млака вода се замесува убаво средно меко тесто кое не лепи на раце.

Зелник (Фото и рецепт: Верица Трајкоска)

Добиеното тесто се дели на 5 еднакви делови (или јас ги викам губи), се ставаат на набрашнета тепсија и се покриваат со влажна крпа, па веднаш се започнува со сукање.

Корите треба бидат поголеми од тепсијата една педа за да се префрлаат. Се сучи првата кора, се поросува со масло и се реди ситно сирење.

Зелник (Фото и рецепт: Верица Трајкоска)

Се повторува постапката со останатите кори освен со последната. Корите се редат една врз друга, потоа се зема една мала чинија и се става во средината од зелникот.

Зелник (Фото и рецепт: Верица Трајкоска)

Околу чинијата се дипли кората како фалти, а потоа се вади чинијата и средината се полни со зелје. Се остава да кисне 30-тина минути, се пече во добро загреана рерна на 200 степени, па кога е речиси печена се прска со малку зовриен јогурт, вода и масло (произволно) и повотрно се враќа во рерна уште малку да се запече.

Зелник (Фото и рецепт: Верица Трајкоска)

Кај мене целата постапка трае околу еден час.

Зелник (Фото и рецепт: Верица Трајкоска)