Имаат одличен вкус и кога се топли и кога ќе изладат.
Потребни состојки: 850-900 г компир, 45 г путер/маргарин, 150 г гриз, 100 г брашно, 1 јајце, 1 лажичка сол и презла (лебни трошки) за валкање
Постапка: Компирот пригответе го исто како кога правите пире. Сварете го, испасирајте го, додадете му путер и оставете го да излади. Во изладеното пире од компир додадете ги сите преостанати состојки и замесете ја смесата.
Направете валјак и обложете го со лебни трошки. Сечете исто како за њоки – 5 см долгнавести ваљачиња со дебелина од 2 см. Крокетите/пирошки дополнително ќе нараснат во текот на пржењето. Тестото е совршено и многу лесно се обликува.
Кога ќе ги пресечете дополнително дообликувајте ги со раце за да бидат совршени. Пржете ги во длабоко масло. Послужете ги по желба со намаз или сос. Ќе добиете 80 совршени парчиња. Доколку не ги изедете сите, можете да ги замрзнете и да ги послужете повторно.