Едноставно и брзо.
Потребни состојки:
4 јајца
400 г гриз
400 мл слатка млечна павлака
200 г шеќер
300 г малини (јагоди, боровинки…)
На врз од ножот прашок за печиво
1 ванилин шеќер
Постапка:
Одвојте ги жолчките од белките, па жолчките измешајте ги со шеќер и ванилин шеќер. Кога ќе се растопи шеќерот, додадете течна слатка павлака, измешајте.
Белките изматете ги во цврст снег, па со лажица додадете го во жолчките. Додадете и гриз и прашок за печиво.
Смесата излијте ја во калап во куглоф (или било кој калап), втиснете малини и печете околу 30 минути на 180 степени.