Убаво изладете пред послужување, имаат многу освежувачки, кремаст вкус.

Потребни состојки:

5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
3 лажици млака вода
3 лажици масло
1 прашок за печиво

За крем:

2 пудинг од ванила
2 пудинг од лешник
250 г шеќер
1 литар млеко
250 г путер/маргарин

За глазура:

250 мл слатка павлака
100 г чоколадо за готвење

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете ги останатите состојки. Смесата печете ја на 180 степени, 20 минути. Оставете го да излади, па пресечете го на половина.

За крем: Измешајте го прашокот за пудинг со шеќер и малку млеко, а преостанатото млеко ставете го на оган да зоврие. Во врелото млеко додадете ја смесата со пудинзите и мешајте додека да згусне. Тргнете настрана и оставете да излади, со повремено промешување за да не фати кора.

Во ладниот пудинг додадете изматен маргарин и уште еднаш изматете за да се соединат.

Редење: кора (натопете ја малку со засладено млеко) – фил, кора (натопете ја и оваа кора со неколку лажици засладено млеко) – фил – глазура.

За глазура: на оган ставете ја павлаката и тргнете ја пред да зоврие. Во врелата павлака додадете искршено чоколадо и мешајте додека тоа да се растопи. Малку подизладена глазурата прелијте ја врз колачот.