Кога меѓупрешленскиот диск, поради протрузија ќе изврши притисок на нервот, доаѓа до болка која се протега долж ногата. Оваа состојба е позната како ишијас.
Ишијасот се однесува на болката која се јавува долж ишијалдичниот нерв – кој се протега од долниот дел на грбот низ колковите и задникот, па се спушта долж секоја нога.
Било какво нарушување на просторот, каде што поминува нервот, може да резултира со вклештување.
Лумбалната болка се шири долж натколеницата под коленото во листот или/и во стапалото. Болката е силна, непрекината, во вид на печење, со вкочување на ногата, со што се отежнуваат движењата.
Најчесто болката се шири во едната нога, а посилна е во лумбалниот дел. Болката се засилува навечер, после долго стоење, седење, кивање, кашлање и напрегнување.
Традиционално лекување на ишијас најпрво се спроведува со употреба на одговарачки лекови кои ќе ги препорача лекарот.
Но подобро е да не се ограничува само на употреба на лекови, туку за време на лекувањето потребно е да се изведуваат и одредени вежби за истегнување на мускулите, за побрзо ослободување од болките.
ВЕЖБИ при вклештен ишијалдичен нерв (ишијас):
Вежбите за истегнување може да бидат од голема корист бидејќи помагаат во смирување на воспалението, а со самото тоа, и за ублажување на болката.
Секако, на почетокот нема да биде лесно, па затоа вежбите се изведуваат полека, со зголемување на истегнувањето при издишување.
Легнете на рамна површина, свиткајте ја ногата во која чувствувате болка и лесно повлечете ја кон рамето. Кога ќе го почувствувате истегнувањето, обидете се да ја задржите ногата во таа положба 30 секунди. Исправете ја ногата, одморете се малку и повторете ја оваа вежба уште двапати.
Повторно, во лежечка позиција, свиткајте ги нозете во колената и полека повлечете ги кон градите, без да го одвојувајте задникот од подот. Прекрстете ги нозете како што е прикажано на сликата, фатете ја со рацете здравата нога и повлечете ја.
Задржете ги нозете во оваа положба уште 30 секунди, пуштете ги и вратете се во првобитната положба. Повторете ја оваа вежба, исто така, уште двапати.
Со изведување на овие вежби за истегнување, ја стимулирате циркулацијата на крвта, со што се елиминира стагнацијата во мускулите, а со самото тоа се забрзува лекувањето.