Фото и рецепт: Драгица Владо

Ова е турски локум кој многу ми се допаѓа, а од него си правам и природен лек за бронхитис и други болести на белите дробови.

Во овој локум можете да додадете што сакате: ореви, бадеми, суво овошје и слично.

Според оригиналниот рецепт го варев 1:30 до 2 часа без желатин, но потоа одлучив да додадам и готвењето се намали на само 10-15 минути. Можно е смесата брзо да стврдне, бидејќи се’ зависи од температурата.

Потребни состојки:

1 кг шеќер
1 литар вода
20 г желатин (јас користам говедски)
2 лажички лимонов сок
250 г густин (скробно брашно)
1 лажичка ружина вода или неколку капки прехрамбена боја по желба, но не морате (или вкус по желба)
Шеќер во прав за валкање

Постапка:

Ставете на оган да зоврие шеќер, 300 мл вода и сок од лимон, исто како за шербет.

Растопете го желатинот во малку вода. Додадете густин со 700 мл вода, па мешајте за да добиете смеса без грутки.

локум

Смесата додадете ја во сирупот од шеќер и желатин, па мешајте да се изедначи и така варете на многу тивко околу 10-20 минути со повремено мешање, додека смесата да стане толку густа, што кога ќе ја земете во лажица да се лепи и да не паѓа од неа.

локум

Пред да го тргнете садот од оган, додадете боја или водичка од ружа.

локум

Помала четириаголна тепсија обложете со проѕирна фолија, малку намастете со масло и излејте ја смесата. Израмнете со нож.

локум

Оставете да излади убаво па сечете со остар нож и валкајте во шеќер во прав.

локум