Зошто колачот мора да биде вообичаен? И изгледот и вкусот и така едноставен колач може да изненади!

Потребни состојки:

300 г остро пченично брашно
½ прашок за печиво
100 г путер ладен од фрижидер исечен на листови
3 жолчки
3 лажици шеќер
2 лажици кисела павлака
сол
за премачкување: 100 г мармалад од сливи или од кајсии

за фил:

3 белки
150 г ореви
150 г шеќер

Постапка:

Од брашно, прашок за печиво, путер, жолчки, шеќер, малку сол и павлака замесете ровко тесто и оставете да отстои околу еден час во фрижидер.

Тестото разделете го на два дела. Првиот дел развлечете го во величина на тепсијата, премачкајте го со џем и распоредете фил од матени белки, шеќер и мелени ореви.

Чупава Ката

Фил: изматете ги белките во цврст снег, па додадете шеќер и матете додека да се растопи. Потоа со лажица промешајте ги мелените ореви.

Вториот дел од тестото изрендајте го врз филот од белки.

Колачот ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Печената пита изладете ја, исечете ја на коцки или штангли, па наросете шеќер во прав.

Совет: Путерот за приготвување на ровкото тесто мора да биде ладен и исечен на листови, а тестото се замесува што побрзо за да не стане лепливо.

Чупава Ката