Камилицата (Мatricaria chamomilla) била ценета лековита билка уште во стариот век во древен Египет, Грција и Рим. Хипократ, Диоскорид, Гален и други лекари од тоа време употребувале камилица како средство против болки и грчеви во органите за варење, особено кај децата, како и за лекување на различни воспаленија на кожата и слузокожата.

Својата популарност ја постигнува во средниот век, кога луѓето започнале да користат камилица како лек за бројни заболувања меѓу кои: астма, болки во стомакот, покачена температура, смирување на нервите, воспаленија, гадење, кожни проблеми и рак.

ЛЕКОВИТА РАКИЈА ОД КАМИЛИЦА

Потребни состојки: 100 г цвет од камилица, 100 г шеќер, 1 кора од лимон, 200 мл дестилирана вода и 800 мл домашна, квалитетна ракија

Постапка: цветовите од камилица и кората од лимон прелијте ја со дестилирана вода, па додајте шеќер и ракија. Оставете на сонце 4 седмици. Потоа процедете и оставете да одмора уште 2 месеци. После тој период може да се консумира.

Се употребува по потреба, по една лажица трипати дневно пред оброк за акутни состојби или по една лажица наутро за општо здравје.

лековита ракија од камилица

Камилицата е ефикасно лековито и козметичко средство благодарение на богатиот состав од корисни материи. Оваа билка е една од најпознатите кога станува збор за домашно лекување.

Како да се користи камилицата и какви се другите нејзините корисни влијанија?
Камилицата е едногодишно тревно растение. Можете да ја откриете по ливадите и пасиштата, околу населбите долж патиштата низ целата земја. За лековити цели се употребуваат цветовите на билката, кои се собираат во периодот на цветање од мај до јули.

Камилицата е богата со етерични масла со антиинфламаторно дејство.
Се користи при заболувања на дигестивниот пат – гастритис, колитис и гасови во стомакот. Има корисен ефект за разбивање на камења во бубрезите и мочниот меур.

Камилицата често се препорачува како лек при воспалителни процеси на дишните патишта. Болести како фарингит и ларингит реагираат многу добро од инхалации со камилица.

Чуда прави и чајот од оваа билка, кој е со пријатен, малку меденест вкус. Надворешно за испирање камилицата се применува при воспаление на слузницата на очите, на матката и при хемороиди.

Камилицата содржи гликозиди, кои помагаат за лачењето на желудечниот сок и го подобрува апетитот. Облози од цветовите на камилица се употребуваат за лекување на рани, влажни егземи, отоци.

Чајот од камилица помага при болна менструација, крвавење на матката , несоница.
Билката наоѓа примена и при ревматизам, невралгични болки, алергиски гастритис, нервен ексцитабилност, епилепсија, главоболка.

За забоболка и болно грло се препорачува гаргара од камилица 3-4 пати дневно. Како универзален лек камилицата има широка примена и во козметиката. Таа е составен дел на многу креми за лице и тело, шампони, пасти за заби и др.

ЧАЈ ОД КАМИЛИЦА

Чајот од камилица не смее да се вари! Се приготвува од 1 лажица сув цвет кој се прелива со 200 мл врела вода и мора да се поклопи! Треба да отстои околу 5 минути до максимум 1 час, но никако подолго од овој период. Се процедува и пие одеднаш. Дозата е 3 чаши дневно, секогаш треба да е свежо подготвена.

Лековитите својства на камилицата доаѓаат од нејзините цветови кои содржат испарливи масла (бисаболол, бисаболол оксиди А и Б, и матрицин), флавоноиди и други терапевтски супстанции.

Научните истражувања потврдија дека камилицата поседува антибактериски, антифугални, антиалергиски и антисептични својства. Исто така, утврдиле дека камилицата го зголемува бројот на белите крвни зрнца во крвта, го олеснува варењето на храната, ја ублажува надуеноста на стомакот и ја нормализира столицата. Камилицата го ублажува стресот и нервозата.

Камилицата може да се користи: како чај при болки во половината и реуматски проблеми; во кремови за лекување на хемороиди и рани; за инхалација при настинка и астма; за намалување на стомачните болки кај децата; за забрзување на лекувањето при алергии, осип, чиреви и рани на кожата

Потоа, како чај за подобрување на варењето на храна, кој се препорачува да се консумира после јадење; олеснување на утринска мачнина во текот на бременоста; при гастритис, гадење, надуеност, стомачни проблеми; за намалување на стресот и релаксација; при несоница; смирување на кожата помали изгореници и изгореници предизвикани од сонцето.

Чајот од камилицата со векови се користи при несоница, покачена температура, настинки, болести на желудникот и др. Покрај тоа, може да се употребува при гингивит (воспаление на непцата), апсцес на заби, воспаление на крајници и на грло. При овие состојби се прави гаргара или може да се инхалира пареата од концентриран чај.

лековита ракија од камилица