Затнат нос, инфекција на грлото и многубројни други пропратни тегоби се вообичаена појава за овој период од годината.
Народните лекари велат дека успешно може да се санираат со помошни лековити средства кој секој од нас ги има дома.
При затнат нос, инхалирајте се со чај од босилек кој може многу да помогне. Босилекот е добар за инхалација бидејќи поседува етерични масла кои го одзатнуваат носот и ја олеснуваат дренажата.
За подготвување на чајот потребни ви се неколку гранчиња сув босилек, кои ќе ги потопите во 500 мл зовриена вода.
Така потопениот босилек оставете го отстои додека да пушти кафеавкаста боја, а потоа извадете ја билката.
Топлиот чај ставете го во инхалатор, кој после употребата треба добро да го измиете.