На социјалните мрежи го пронајдовме овој многу интересен рецепт за негување на стапалата, а се појави со наслов „мојата сосетка има 57 години а има стапала како на бебе!“

Испуканите пети првенствено се естетски проблем, меѓутоа ако пукнатините во кожата се длабоки, тие можат да бидат болни и лесно можат да се инфицираат.

За да го одбегнете ова, потребно е да го решите проблемот што поскоро.

Дебелата, мртва кожа на петите се појавува поради вишокот на мртва кожа и може да предизвика намалување на протокот на крв и да ја намали еластичноста.

Каменот за пети може да помогне а обично се користи после капење или туширање кога кожата омекнува. Остри предмети (рендиња со жилет) за отстранување на мртвата кожа треба да се избегнуваат, бидејќи при нестручно движење може да се отстрани премногу кожа и на тој начин да се предизвика инфекција.

Нозете треба да се третираат соодветно по отстранувањето на мртвата кожа. Со цел да го направите ова, ќе мора да подготвите домашни бројни природни средства, или пак да користите некои креми и масла.

Кокосово масло е многу добра опција. 

Се применува со кружни движења па се остава некое време да делува пред миењето.

Плускавци

Кожата станува груба и се задебелува поради, иритација и притисок, пука а може да се појават и меурчиња. Тие обично се јавуваат на места каде притисокот е најголем.

Калуси

Обично калусите имаат неправилна форма и може да бидат со сива, бела или жолта боја. Тие обично се јавуваат на површините кои се под поголем притисок,  како што се палецот и малиот прст. Меки калуси може да се појават меѓу прстите бидејќи кожата таму е помека.

РЕЦЕПТ ЗА МЕКИ СТАПАЛА

10 таблети аспирин или андол (од 300 мг)
250 мл домашна појака ракија или 70% медицински алкохол

Подготовка:

1.Таблетите ситно се дробат во прав па се мешаат со ракија.
2.Мешавината се складира во стаклено шише.
3.Се остава да отстои 2-3 дена. Не се прецедува.

Употреба:

1.Пред употреба шишето се разматува за да се изедначи мешавината.
2.Во ракијата се натопува газа (облога).
3.Облогата се нанесува на петата, на тврдото месо или калусот од стапалото, па се замотува со најлонска кеса и најодозгора со чорапа.
4.Се остава преку цела ноќ.
5.Наутро стапалото се мие со вода, се ренда или се трие со камен, се брише па се мачка со глицерин или крем за нозе.
6.После 10 третмани стапалата ќе бидат исчистени и мазни.

Бонус: со оваа тинктура можат да се третираат варикозни вени (проширени вени). Лесно и без притискање се втријува во кожата, на болните места, а болката исчезнува во истиот миг.

Може да се користи исто така, и при остеохондроза, при што се таложат соли.