Фото и рецепт: Вера Богдановска
Потребни состојки за 4 гнезда:
500 г мелено месо
1 главица кромид
Сол, црн пипер, сув зачин и други зачини по вкус
Малку презла или сув леб
Масло за намастување на калапите
Постапка:
Се ренда еден кромид и се додава во 500 г мелено месо. Се зачинува по вкус и се додава малку презла, па се замесува со рака. Месото поделете го на колку делови сакате, јас го поделив на четири.
Фото и рецепт: Вера Богдановска
Во длабока чинија се става фолија намастена со малку масло, па се става во неа меленото месо и се формира вдлабнатина. Се крши едно јајце во вдлабнатината а одозгора се ренда биено сирење или кашкавал.
Се става да се пече во загреана рерна.
Печените гнезда се вадат од фолијата и се послужува со грашок како гарнир.
Фото и рецепт: Вера Богдановска