Боровите иглички веројатно се најдобриот избор во потрагата за лековити билки, бидејќи содржат изненадувачки високи количества на витамин Ц во однос на другите видови дрвја.
Како што е познато витаминот Ц е од клучна важност за имунолошкиот систем бидејќи стимулира производтсво на бели крвни зрнца кои се борат против воспалителните состојби во организмот.
Исто така, витаминот ц е еден од најважните компоненти на колагенот кој е нужен за создавање на нови и регенеративни оштетени клетки во организмот. Освен витамин Ц, боровите иглички се богати со витамин А и каротеноиди и затоаможе да помогнат во лекувањето и ублажувањето на некои медицински проблеми.
Боровите иглички се користат како превентива против настинки и грип во зимските месеци, а исто така може да помогнат во лекувањето на истите поради регенеративните способности на колагенот.
Боровите иглички исто така содржат активни состојки кои поттикнуваат искашлување и исфрлање на секретото од дишните патишта со што го подобруваат лекувањето на воспалено грло и бронхитис, а може да помогне и за ублажување на симптомите од астма.
Истовремено, антисептичкото делување на есенцијалните масла од боровите иглички ги уништуваат патогените бактерии и со тоа го спречуваат ширењето на инфекцијата.
Високата концентрација на витамин А и каротеноиди кои делуваат како антиоксиданс, благотворно делуваат за здравјето на очите, спречуваат појава на мрена и дегенерација на макулата – што е најчестиот проблем на видот во повозрасната животната доба.
Витаминот А е многу важен за сочувувањето на здравјето на кожата, бидејќи неговите антиоксидативни својства ги уништуваат штетните слободни радикали и ја забрзуваат регенерацијата на клетките на кожата. Поради ова, бројни производи за лекување на лузни од акни и пеглање на брчки содржат борови иглички.
Иако од суви иглички може да се свари класичен благотворен чај, помалку е познато дека од нив се приготвува многу лековит сируп и мед.
НАПОМЕНА: Ако приготвувате со шеќер – тогаш добивате сируп, а доколку приготвувате со мед – тогаш добивате мед од борови иглички. Овој лековит сируп/мед може да ги засили своите лековити својства доколку го збогатите со ловоров лист и лист од жалфија.
Ловорот помага при: силна кашлица, инфекција на системот за дишење, ја олеснува дигестијата, намалува стрес, полн е со цинк, витамин А и Ц, делува антисептично и антигабично, го стимулира имунолошкиот систем.
Жалфијата помага при: висока температура и болки, исфрлање на слуз од организмот, корисна е кај дијабетес, подобрува памтење и концентрација, делува противвоспалително и кај проблеми со грло и крајници.
Потребни состојки:
1 кг иглички од бор, (елка или смрека), жалфија и ловоров лист*
1 кг шеќер или мед
*лимон – не мора, кој сака цитрусна арома
*доколку не можете да најдете свеж ловоров лист, употребете сув, а може и без него
Постапка:
Подготовката не бара многу време и состојки, но сирупот треба да одлежи 40 дена на сонце ако се прави со шеќер, а ако се прави со мед, доволно е да отстои на топло (не претопло) место.
На дното од чиста сува тегла наредете тенок слој шеќер или мед, па нанесете густо слој иглички. Продолжете со редење ред шеќер/мед па жалфија и ловор и се така додека да ја исполните теглата.
Помеѓу неколку слоеви можете да ставите и тркалца лимон ако сакате цитрусна арома.
Добро затворете ја теглата и оставете на топло, сончево место. Игличките за тоа време ќе пуштат смола која е многу лековита.
После 40 денови (5-6 седмици) сирупот/медот процедете го и излејте го во помали тегли. Чувајте добро затворено во фрижидер.