Потребни состојки:
500 г тенки кори за пита
Смеса за натопување на корите:
100 мл масло
250 мл газирана вода
250 мл јогурт
5 јајца
1 прашок за печиво
500 г фета сирење
Постапка:
Во една вангла изматете ги јајцата, па додадете масло, газирана вода, јогурт и прашок за печиво. Соединете. Потоа додадете издробено сирење и доколку е потребно, две лажички сол.
Во подлабока тепсија 28 см, добро намастена со масло или обложена со хартија ставете три кори на дното, но така што ивиците ќе преминуваат преку ѕидовите. Премачкајте ги со масло (со силиконска четкичка).
Потоа земете една кора, натопете ја во смесата со јајца и пренесете ја во тепсијата. Така направете со уште три кори. Корите не ги гужвајте многу, туку кога ќе ги ставате малку раширете ги. Продолжете со редење кори (претходно натопени во смесата), но така што редот од четири кори се става преку наредените кори (во спротивна насока). Последната кора (и неа натопете ја во смесата од јајца) раширете ја преку сите и ивиците малку вовлечете ги кон внатре.
Кога ќе се потрошат сите кори, остатокот од смесата со јајца и сирење прелијте ја преку питата. Со вилјушка избоцкајте ја површината на неколку емста. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Штом започне да заруменува намалете на 180 степени и печете додека да добие златно румена боја.
Печената пита превртете ја врз плехот од рерната и соатвете малку да подизлади, а потоа сечете ја.