Потребни состојки:
3 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици брашно
малку прашок за печиво
за крем:
400 мл јогурт
80 г шеќер
500 мл слатка павлака
1 лимон – сок и рендана кора
1 крем фикс (шлаг фикс)
1 кесичка од 10 г желатин во прав – по потреба
1 кесичка црвен прелив за колачи – по желба
и уште е потребно околу 500 г јагоди
Постапка:
Јагодите измијте ги, исечете ги на половинки или на помали парчиња.
Испечете кора: изматете ги јајцата со шеќерот, додадете брашно и прашок за печиво, смесата излијте ја во тепсија 40х20 см и печете на 170 степени околу 15-тина минути.
Изматете ја слатката павлака во цврст снег (додадете еден крем фикс за да биде поцврсто), додадете јогурт, шеќер, ванилин шеќер, лимонов сок и рендана кора. Ова би требало да биде густо, а доколку не е, тогаш ставете и еден желатин. Кога ќе исечете парче треба да стои цврсто.
Врз кората намачкајте малку крем, наредете јагоди и намачкајте го остатокот од кремот, па прелијте со црвен прелив за торти (ова е по желба, не морате).
Можете и да го направите и како за торта: калап 30 см обложете го со пишкоти натопени во топло млеко, па истурете половина крем, наредете исечени јагоди, повторно натопени пишкоти, крем и на крај јагоди и прелив за торти.